Свет
Јапонски градоначалник ги разгневи жените за време на пандемија: „Бавно купуваат, се создаваат редови“

Градоначалникот на jапонскиот град Осака, Ичиро Мацуи, привлече многу критики на социјалните мрежи, откако изјави дека на жените им треба повеќе време за да купат намирници, додека ги промовираше мерките за социјална оддалеченост со цел да се спречи ширењето на вирусот.
„Кога жена оди на пазарење… за тоа е потребно време“, рече Мацуи на прашањето од новинар, инаку маж, за евентуално ограничување на бројот на купувачи во продавниците.
„Да бевте вие во прашање, ако ви беше речено да купите тоа и тоа, ќе направевте така и веднаш ќе се вратевте дома“.
Исто така, градоначалникот рече дека за мажите е во ред да одат на шопинг и да избегнуваат контакт, додавајќи дека брачните двојки треба да избегнуваат да купуваат заедно, пренесува „Ројтерс“.
Корисниците на „Твитер“ остро го осудија неговиот коментар, велејќи дека е сексистички.
„Јапонија да биде земја каде што вакви зборови излегуваат од уста на градоначалник. Тоа е тажно“, напиша еден корисник.
Еден од постовите посочува дека изјавите на градоначалникот покажуваат дека политичарите не размислуваат доволно за тоа што подразбира родителството, домашната работа и грижа.
Мацуи, исто така, рече дека луѓето ќе треба да го ограничат бројот на одења до продавница со тоа што сугерираше оние родени во парни месеци да одат на пазарење во парни денови и обратно.
Во Осака, според најновите податоци, 1.500 луѓе се заразиле од коронавирус, што го прави градот најранливо подрачје во Јапонија, пе Токио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин денеска изјави дека преговорите со САД во Алјаска биле „многу искрени и содржајни“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека преговорите со САД во Алјаска биле „многу искрени и содржајни“ и ги приближиле двете страни до донесување на неопходните одлуки.
– Разговорот беше многу отворен и по мое мислење нѐ доближува до потребните решенија, рече Путин на состанок во Кремљ посветен на резултатите од преговорите во Анкориџ.
Тој додаде дека долго време не биле водени преговори од ваков вид на толку високо ниво и дека имал можност „смирено и детално“ да ја изложи руската позиција. Според него, се дискутирало за сите аспекти на билатералната соработка, но главниот акцент бил ставен на можностите за праведно решавање на украинската криза.
На состанокот во Кремљ присуствуваа премиерот Михаил Мишустин, претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин, раководителот на претседателската администрација Антон Вајно, како и секретарот и заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев и Сергеј Шојгу. Присуствуваа и вицепремиери, министри, како и гувернерката на Централната банка, претставници на ФСБ, Генералштабот и Рускиот фонд за директни инвестиции.
Путин најави дека детално ќе ги информира учесниците за разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот во Кремљ продолжи зад затворени врати.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Свет
(Видео) Четворица маскирани напаѓачи ограбија златарница во западниот дел на Сиетл

Четворица маскирани напаѓачи ограбија златарница во западниот дел на Сиетл и за помалку од две минути украдоа накит и луксузни предмети во вредност од околу два милиона долари, соопшти полицијата.
Настанот се случил во четвртокот попладне, а надзорните камери снимија како осомничените со чекани ги разбиваат заклучените стаклени врати и за 90 секунди празнат шест витрини. Меѓу украдените предмети се наоѓаат и „Ролекс“ часовници со проценета вредност од 750.000 долари и смарагдна огрлица вредна 125.000 долари, објави Еј-Би-Си њуз.
За време на грабежот, еден од напаѓачите им се заканувал на вработените со спреј против мечки и електрошокер, но никој не бил повреден.
„Длабоко сме потресени како вработени. Продавницата ќе биде затворена извесно време“, изјави потпретседателот на семејната златарница Џош Минаше.
Полицијата пристигнала веднаш по дојавата, но сторителите веќе избегале со возило и засега се недостапни за законот.