Свет
Пожарникари апелираат граѓаните да не стерилизираат маски во микробранова печка

На некои работи како јајца, стиропор или гумени кукли не им е местото во микробранова печка, а пожарникарите на оваа листа ги додадоа и заштитните маски, поради пандемијата на коронавирусот.
Пожарникарите се соочиле со пожари по наводите на социјалните мрежи дека маските можат да се дезинфицираат во микробранова печка.
Со зголемената препорака од здравствените служби и властите ширум светот да се носат заштитни маски, луѓето бараат лесен начин да ги исчистат по употреба, а на многумина микробрановата печка им се видела како добра можност за тоа.
„Тоа е лоша идеја и претставува голем ризик од пожар“, предупредува протвпожарната служба од сојузната држава Вирџинија на „Твитер“.
There are reports of masks being sanitized in microwaves, this is a major fire hazard, please DO NOT place masks in the microwave for any period of time. Instead, follow CDC mask cleaning guidance https://t.co/8jKq2rxKS9. Thanks and stay safe. pic.twitter.com/2ps1B98q3y
— Arlington Fire (@ArlingtonVaFD) April 20, 2020
„Ве молиме НЕ ставајте маски во микробранова печка, дури и за кратко време“.
Пожарникарите во Масачусетс објавија фотографија од запалената кујна, предупредувајќи ги луѓето за загрижувачкиот тренд на ставање маски во микробранови печки во обид да се убијат бактериите собрани на нив.
Проблемот, меѓу другото, е во тоа што некои маски имаат метална жица што ги обликува кога ќе се стават преку носот, со цел подобро да стојат на лицето.
Германските противпожарни служби предупредуваат дека овој метал може да заискри во микробрановата печка и да ги запали маската и микробрановата, а во најлош случај и целата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мерц: Прво прекин на огнот во Украина, потоа долгорочен мировен договор

Украина „мора да биде на масата“ во преговорите што ќе следат по средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска в петок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Мерц одржа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски по нивните видео-конференциски разговори со европските лидери, генералниот секретар на НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп.
Германскиот канцелар нагласи дека мора да се следи единствениот правилен редослед на настани: прво треба да се договори прекин на огнот, а потоа да следи долгорочен мировен договор.
„Прекин на огнот“ меѓу Москва и Киев „мора да дојде на прво место“ за да можат сите преговори да продолжат „по правилен редослед“, рече тој по видео-конференцијата.
Мерц нагласи дека мора да има силни безбедносни гаранции, почитувајќи го суверенитетот на Украина.
Мерц вели дека Европа прави сè што може за да „помогне во поставувањето на агендата“ за средбата меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави и рускиот претседател во Алјаска.
Тој вели дека се надева дека Трамп ќе биде успешен на средбата.
„Безбедносните интереси на Европа и Украина мора да бидат заштитени во Алјаска“, рече Мерц на прес-конференција, а за тоа, како што изјави, разговарал и со Трамп.
Европа
Макрон: Трамп се согласи дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата како дел од секој договор за прекин на огнот со Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Тврдењето на Макрон е прв показател за исходот од разговорите меѓу Трамп, европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел обликување на состанокот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок.
Инсистирањето на Трамп за вклучување на Украина, доколку се потврди, би можело да значи одредено олеснување за Украина и нејзините сојузници, кои стравуваа дека Трамп и Путин би можеле да постигнат договор што би им наштетил на европските и украинските безбедносни интереси и би ја поделил украинската територија.
Трамп и Путин ќе се сретнат в петок во Алјаска за да разговараат за тоа како да се стави крај на три и полгодишниот конфликт, најлошиот во Европа од Втората светска војна.
Европа
Шефот на НАТО: Топката сега е во дворот на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „топката сега е во дворот на Путин“ по учеството во видеоповик со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.
Great call with @POTUS, @ZelenskyyUA & European leaders ahead of President Trump’s meeting with Putin in Alaska. We are united in pushing to end to this terrible war against 🇺🇦 & achieve just and lasting peace. Appreciate @realDonaldTrump leadership & close coordination with…
— Mark Rutte (@SecGenNATO) August 13, 2025
„Ние сме обединети во нашите напори да ја завршиме оваа ужасна војна против Украина и да постигнеме праведен и траен мир“, објави Руте на социјалните мрежи.
„Го ценам лидерството на Трамп и тесната координација со сојузниците. Топката сега е во дворот на Путин“, додаде тој, осврнувајќи се на претстојната средба меѓу Трамп и Путин во Алјаска.