Свет
СЗО случајно објави дека тестирањето во Кина покажало дека еден лек не е успешен во лекувањето на коронавирусот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/lek-1.jpg)
Потенцијалниот лек против вируси, ремдесивир, за кој се верува дека може да лекува лица заболени од Ковид-19, наводно бил неуспешно тестиран на првото клиничко испитување, покажаа документите што протекоа од Светската здравствена организација.
Според нацрт-документите, кои Светската здравствена организација ги објави случајно, тестирањата спроведени во Кина покажале дека овој лек не бил успешен во лекувањето на Ковид-19. Се тврди дека лекот не ја подобрил состојбата на пациентот ниту го намалил присуството на патогени во крвта.
Американската фирма што го произведува лекот, „Гилид сајензис“, тврди дека студијата е погрешно претставена во документот. Веста за неуспешно клиничко тестирање се шири откако СЗО објави детали за својата база на податоци за клиничкотo тестирање и потоа ја отстрани.
СЗО потврди дека нацрт-извештајот е објавен по грешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.