Свет
Џонсон ѝ се обрати на нацијата: Вирусот е како крадец, треба да го собориме на земја

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека му е жал што отсуствувал од работното место и му се заблагодари на Доминик Раб што го менувал. Тој упати благодарност и до граѓаните во своето прво обраќање до нацијата по закрепнувањето од вирусот Ковид-19. Тој рече дека пандемијата е најголем предизвик за државата од Втората светска војна и истакна дека државата напредува во таа борба.
Како што рече тој, постојат знаци дека Велика Британија го достигнала врвот на болеста и ја спречила преоптовареноста на Националната здравствена служба.Според него, може да се каже дека почнува пресврт.
„Вирусот е како крадец, тоа го велам од лично искуство и ова е моментот кога почнуваме да го соборуваме на земја“, рече Џонсон. Тој порача дека е премногу рано да се ублажат мерките бидејќи второто појавување на вирусот може да биде катастрофално, но и дека ја разбира загриженоста на продавачите, уметниците и секој што е вклучен во бизнисот.
„Треба да го разбереме ризикот од вториот циклус. Ве замолувам да ја сузбиете вашата нетрпеливост затоа што верувам дека сега доаѓаме до крајот на првата фаза“, рече Џонсон и додаде дека владата ќе ги ублажи мерките кога ќе се утврди дека нема да има втор бран. Џонсон исто така рече дека сака да ја вклучи опозицијата што е можно повеќе во борбата против вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
БиХ ги евакуира своите граѓани и амбасадори од Израел и Иран

Властите на Босна и Херцеговина започнаа подготовки за евакуација на своите граѓани и дипломатски персонал, како и привремено затворање на амбасадите во разорените од војна Иран и Израел.
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на БиХ, шест граѓани на таа земја побарале конзуларна помош во Техеран, а уште двајца во Тел Авив, за да бидат евакуирани од овие земји. Тие додадоа дека со помош на меѓународни партнери се обидуваат да организираат безбедна евакуација на граѓаните.
Тие додадоа дека амбасадите немаат информации за повредени или убиени граѓани на оваа земја во ескалацијата на војната.
Вчера, Претседателството на Босна и Херцеговина, на вонредна седница, одлучи привремено да ги затвори амбасадите на БиХ во Иран и Израел и да го евакуира дипломатскиот персонал.
Во меѓувреме, помош за граѓаните во двете земји ќе обезбедат дипломатските и конзуларните претставништва во Република Турција, Кралството Јордан и Арапската Република Египет.
Европа
(Видео) Пропалестински активисти упаднаа во британска база, велат дека оштетиле два авиона

Пропалестински активисти упаднаа во воздухопловната база РАФ Бриз Нортон и испрскаа два воени авиони со црвена боја. Снимките објавени на веб-страницата на „Палестинска акција“ покажуваат две лица во воздухопловната база во Оксфордшир.
Едно од лицата вози скутер до танкер за полнење гориво во воздух „Ербас Војаџер“ и се чини дека прска боја во неговиот млазен мотор. „Палестинска акција“ соопшти дека авионите за полнење гориво биле „исклучени од употреба“, додека активистите успеале да го „избегнат обезбедувањето и апсење“.
BREAKING: Palestine Action break into RAF Brize Norton and damage two military aircrafts.
Flights depart daily from the base to RAF Akrotiri in Cyprus.
From Cyprus, British planes collect intelligence, refuel fighter jets and transport weapons to commit genocide in Gaza. pic.twitter.com/zzmFqGKW8N
— Palestine Action (@Pal_action) June 20, 2025
Британското Министерство за одбрана остро го осуди „вандализмот врз имотот на Кралските воздухопловни сили“ и изјави дека тесно соработува со полицијата што го истражува инцидентот.
„Палестинската акција“ е вклучена во слични активности уште од почетокот на војната во Газа, а нејзините акции првенствено се насочени кон компаниите за оружје. Во мај, групата ја презеде одговорноста за боењето со спреј на американски воен авион во Ирска.
Регион
(Видео) Кит снимен во близина на Дубровник

Во близина на Дубровник, поточно кај островот Локрум е снимен кит. Тој го привлече вниманието на капачите кои беа на плажата, објавија хрватските медиуми.
Додека некои на плажата коментираа дека нема да се приближуваат до морето некое време, на социјалните мрежи некои луѓе видоа можност за профит и нов бизнис.
„Од денес, набљудувањето китови од брегот е 250 долари“, гласеше коментар што насмеа многумина. „Ќе поставам сепаре за 300 евра“, одговори еден корисник.
Се верува дека сликата е од перкаст кит, второто најголемо животно во светот, веднаш по синиот кит. Расте до 26 метри и може да тежи до 70 тони. Препознатлив е по своето издолжено, тенко тело и интересната асиметрична боја: едната страна му е бела, другата темна. Исто така, тој е еден од најбрзите китови, способен да плива со брзина до 40 километри на час.
Овој вид обично живее во длабоките мориња и океани низ целиот свет, а ретко и случајно влегува во Јадранското Море.