Македонија
Не се знае до кога ќе биде во прекин авионскиот сообраќај, надлежните советуваат да не се резервираат билети
Министерството за транспорт и врски ги потсетува граѓаните дека во сила и натаму е одлуката за затворање на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромдот „Св. апостол Павле“ во Охрид како резултат на пандемијата на коронавирусот.
Од таму апелираат до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети и дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци сè додека Владата не донесе нова одлука.
„За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навреме ќе информираме“, се наведува во соопштението на Министерството за транспорт, во кое се додава дека одлуката за прекин на авионскиот сообраќај не важи само за државни, воени, болнички, хуманитани и за карго-летови без патници.
Од Министерството за транспорт повикуваат граѓаните да ги следат информациите од Владата бидејќи во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

