Македонија
ЗНМ: Нема ниту една правна постапка против сторителите кои на крвавиот четврток нападнаа новинари
Група новинари, помогнати од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), денеска, на годишнината од т.н. крвав четврток, преку адвокатската канцеларија „Медарски“ поднесоа тужби против државата, кои следуваат по претходен повик на ЗНМ со цел обезбедување правна помош за новинарите и медиумските работници, кои беа нападнати или им беше уништена опрема во Собранието.
Од Здружението велат дека тужбите против државата се поднесени за утврдување повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета.
„Пред три години на 27 април поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ упаднаа во Собранието, при што беа нападнати новинари, сниматели и пратеници“, потсетуваат од ЗНМ.
Од ЗНМ нагласуваат дека против некои од лицата што нападнаа пролитичари се изречени затворски казни од страна на судот, но, од друга страна, сè уште нема никаква правна постапка против сторителите, каде што новинарите се оштетена страна.
„Затоа, во услови кога има двојни стандарди за новинарите и кога државата не ги заштити нашите колеги, тие се принудени преку приватни тужби да ја бараат правдата“, објаснуваат од новинарското здружение.
ЗНМ ги охрабрува сите новинари да го кренат својот глас против нападите и притисоците на кои се или биле изложени и со тоа да пратат порака до јавноста и институциите дека тие повеќе нема да молчат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јамалов: Буџетот за 2025 година е развоен со највисоко ниво на капитални инвестиции
Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој што посочи дека овој буџет за 2025 година е развоен и со највисоко ниво на капитални инвестиции.
„Овој буџет е развоен со највисоко ниво на капитални инвестиции. 50,5 милијарди денари или 5% од Бруто домашниот производ, овие инвестиции ќе бидат насочени кон проекти кои ќе бидат долгорочен економски и социјален импакт“, рече Јамалов.
Тој посочи дека со ребалансот на буџетот Владата предвидела 100 милиони евра за директна помош на локалната самоуправа и јавно ги повика сите општини повторно да аплицираат за финансиска поддршка.
„Со ребалансот предвидовме 100 милиони евра директна помош на локалната самоуправа. Аплицираа општините сите и сите добија одредени средства според методологија за веќе готови проекти. Јас лично ги повикувам сите градоначалници и нивната администрација да бидат спремни за наредните 250 милиони евра, кои се од локално значење, да бидат подготвени со проекти да аплицираат на наредниот повик кој е предвиден со овој предлог буџет за 2025 година“, истакна Јамалов.
Скопје
Герасимовски: Општина Центар овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство
Општина Центар активно се вклучува во иницијативите за подигнување на свеста и спречување на насилството врз жените и девојчињата. По повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, градоначалникот Герасимовски ја истакна важноста од давање поддршка за жртвите и превенција во справувањето со овој сериозен проблем.
„Покрај психичкото и физичкото насилство врз жените кое е секојдневно, особено загрижува растечкиот тренд на онлајн насилство. Општина Центар ќе продолжи да создава поддржувачка средина, да ги поттикнува жртвите да го пријавуваат насилството, ќе ја засили соработката со институциите и стручните служби и ќе организира активности за едукација на младите за опасностите од дигиталнaта агресија“, истакна Герасимовски, посочувајќи ги последните истражувања според кои речиси 70 проценти од жените во земјава биле изложени на ваков вид вознемирување.
Општина Центар преку соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. Овие услуги се обезбедуваат од страна на стручни тимови од различни области со цел да им се понуди соодветна помош и поддршка на сите на кои им е потребна.
Македонија
Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет
Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските пратеници се популистички и дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ.
„Многу популистички амандмани кои што многу добро знаат дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ, дека не знам некој друг ги правел буџетите. А, од друга страна истите имаат дваесетина буџети кои што ги правеле во изминатиот период. И јас би сакал да прашам било кој претставник од ДУИ да ми каже, во кој од тие дваесет буџети кога ги правеле земале во предвид учество на опозиција и во делот на албанската опозиција и во делот на ВМРО-ДПМНЕ кој што биле опозиција и колку наши предлози во тие периоди биле прифаќани и покажувале. Каков демократски капацитет како што сега од позиција на опозиција многу добро го прават тоа“, рече Петрушевски.
Тој посочи дека Општина Липково од тековниот буџет за 2024 година имало добиено 55 милиони денари за три проекти.
„Меѓутоа фактите и бројките се немилосрдни, Општина Липково само за овој буџет тековен 2024 година има добиено пари од 55 милиони денари за три проекти. Така што не може да се настапува од перспектива дека граѓаните на Липково не добиле ништо. Напротив, добиле многу и тоа не се проекти за коешто одлучило владејачкото мнозинство или пратениците туку напротив тоа се проекти за кои што аплицирал градоначалникот на општина Липково кој што за среќа или несреќа на липковчани е од ДУИ“, истакна Петрушевски.
Тој демантираше дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ, бидејќи Општина Липково имало добиено средства многу повеќе за разлика од другите општини.
„Така што, тезата дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ не држи вода. Затоа што во тековниот буџет Општина Липково има добиено 55 милиони денари за 3 проекти. Многу повеќе од некои други општини кој што добиле помалку средства за разлика од Липково, што е добро и за поздравување, бидејќи доаѓам од изборна едница 2“, посочи Петрушевски.