Свет
Либискиот командант Калифа Хафтар вели дека неговите сили презеле контрола во земјата
Либиската национална армија (ЛНА), предводена од маршалот Калифа Хафтар, ја презеде контролата врз владата на земјата, рече командантот на ЛНА во видеообраќањето до нацијата доцна во понеделникот, пренесува „Скај њуз Арабија“.
„Генералната команда на вооружените сили го презема управувањето со земјата и го најавува раскинувањето на спогодбата од Скират. И покрај големата одговорност, ние ја прифаќаме волјата на народот и мандатот што тие го делегираа“, рече тој.
Хафтар вети дека ЛНА ќе се обиде да воспостави постојани граѓански институции во согласност со волјата на народот.
„Луѓето мора да имаат контрола над својата судбина и да ја изберат својата иднина со демократски средства. Од првиот ден нашата цел беше да ја заштитиме волјата на либискиот народ“, рече Хафтар.
Тој тврди дека спогодбата од Сикрат со посредство на ОН ја ставила земјата во опасност, но сега е дел од мрачното минато.
Спогодбата од Сикрат, позната и како Либиски политички договор, беше потпишана во Скират во Мароко во декември 2015 година. Таа се заснова на мировниот план на ОН, кој предвидува создавање Влада на национален договор и Претседателски совет. Двете тела се со седиште во Триполи и ги води Фајез ал-Сараџ.
На 19 јануари во Берлин се одржа меѓународна конференција на високо ниво за Либија, на која присуствуваа најмалку десет шефови на држави и влади.
Конечното соопштение на конференцијата вклучуваше повик за прекин на огнот, како и повик странските држави да се воздржат од интервенирање во внатрешните работи на Либија, истовремено предлагајќи создавање единствена влада и почнување реформи за враќање на државноста која беше срушена од страна на НАТО пред речиси 10 години. Конфликтните страни исто така се согласија да формираат специјална комисија за набљудување на прекинот на огнот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Атентаторот на словачкиот премиер: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа наводниот атентатор и на кое тој зборува за причините поради кои се обидел да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Не се согласувам со политиката на владата“, наводно вели атентаторот на видеото.
#BREAKING 🚨‼️🇸🇰 Video of the assassin of Robert Fico Slovakia Premier. The reason for the assassination is that Fico is allegedly liquidating the media. Incredible statement from the suspect. #Slovakia #Fico pic.twitter.com/lRA4EFPOwG
— The Macro Story (@themacrostory) May 15, 2024
Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Свет
Путин го осуди атентатот на премиерот на Словачка: Пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка и желби за брзо и целосно закрепнување
Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграма до претседателката на Словачка и го осуди атентатот на премиерот на Словачка, Роберт Фицo.
Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо нема оправдување, тоа е грозоморно злосторство, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата што и ја испратил на својата словенечка колешка Зузана Чапутова, тој изразил и желба за опоравување на Фицо, пренесува ТАСС.
„Со огорченост дознав за обидот за убиство на Роберт Фицо, премиерот на Словачка, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, напиша Путин во својата телеграма на веб-страницата на Кремљ и додаде:
„Го познавам Роберт Фицо како храбар и подготвен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација“, се обрати рускиот лидер и продолжи: „Ве молам пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка, исто така и желбите за брзо и целосно закрепнување“.