Свет
Нормандиската четворка ќе одржи видеоконференција на 30 април
Средбата на министрите за надворешни работи од нормандиската четворка (Русија, Франција, Германија и Украина) ќе се одржи в четврток преку видеоконференција, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, пренесува „Киев пост“.
Кулеба смета дека е неопходно министрите да разговараат бидејќи одлуките од самитот во Париз не се имплементираат.
„Треба да дадеме нов импулс на нивната имплементација за да се отвори патот до следниот самит во Берлин, каде што ќе треба да се постигнат нови договори и да се придвижиме кон крајот на војната и деокупација на териториите“, објасни тој додавајќи дека клучна цел на разговорот е да се проценат претходно постигнатите договори.
Кулеба појасни дека украинската страна забележува само еден позитивен резултат од претходната средба – размена на затворениците.
„Треба да ги утврдиме причините зошто другите области стагнираат, да подготвиме барем нацрт-решенија за постојните проблеми и да ѝ дадеме поттик на трилатералната контакт-група за да може директно да се справи со детаљните решенија и нивните имплементации“, смета тој.
Според Кулеба, Киев е заинтересиран за одржување редовни состаноци на министрите за надворешни работи од нормандиската четворка, како и за рестартирање на интегрираниот механизам на нормандиската четворка со сите свои елементи.
Во понеделникот рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека предвидува прилично важен разговор на ниво на министри за надворешни работи, но не очекува никакви резултатин освен украинската страна да зборува за потребата што побргу да се одржи самитот во Берлин.
Во исто време, Лавров истакна дека нема смисла да се одржи самит на нормандиската четворка поради позицијата на властите во Киев, кои го блокираат спроведувањето на одлуките од последната средба на лидерите на нормандиската четворка.
Самитот на нормандиската четворка се одржа во Париз на 9 декември, првпат по тригодишна пауза. Претседателите на Русија, Франција и на Украина, Владимир Путин, Емануел Макрон и Владимир Зеленски, како и германската канцеларка Ангела Меркел, се собраа во Елисејската палата да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Донбас.
Еден од резултатите на средбата беше одлуката страните во конфликтот да си разменат затвореници врз основа на принципот сите за сите пред крајот на годината. Учесниците на самитот се обврзаа да обезбедат целосен и сеопфатен прекин на огнот до крајот на 2019 година и се согласија да го поддржат договорот постигнат од контакт-групата за спогодба во источна Украина за три дополнителни области за повлекување на силите и оружјето во зоната на конфликт до крајот на март 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

