Регион
Грција планира летово да прима туристи: „Имаме традиција веќе 50 години“

Туристите летово се добредојдени да ја посетат Грција, но мерките за социјална оддалеченост ќе останат во сила за да ги заштитат луѓето од коронавирусот, изјави грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис.
„Ние сакаме луѓето да дојдат во Грција“, рече тој за Радио Би-би-си додавајќи:
„Секако, ќе ја преземеме секоја претпазливост во однос на мерките за патување, за начинот на кој ќе се патува и престојува. Социјалното растојание ќе се применува како мерка додека здравствените власти не одлучат поинаку“, рече Теохарис.
Грчкиот министер за туризам нагласи дека Грција повеќе од 50 години дочекува туристи и земјата сака да ја продолжи традицијата на гостопримство по кое е позната во светот. Тој додаде дека туристите треба да се чувствуваат безбедно во Грција бидејќи се преземаат строги мерки на претпазливост.
„Грција е безбедна земја и на многу начини побезбедна, жал ми е што можам да кажам, отколку вашата земја (мислејќи на Велика Британија)“, изјави тој за Радио Би-би-си.
Теохарис се надева дека здравствените методи ќе напреднат до почетокот на летото и дека ограничувањата за патувања ќе бидат олабавени.
„Многу е веројатно дека ќе има некои мерки пред и во текот на патувањето“, рече тој алудирајќи на фактот дека некои туристи ќе мора да поминат задолжително тестирање на коронавирус пред да влезат во одредени земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб

Во загрепската населба Кајзерица вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик.
Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за „Дневник.хр“ дека сопственикот е пронајден.
„Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред да ја најдеме сопственичката, стапив во контакт со Зоолошката градина во Загреб. Од таму ни кажаа дека можеме да им ја доставиме змијата, но бидејќи сопственичката во меѓувреме ни се јави, проблемот е решен“, рече тој.
Регион
Пицула: Србија живее во вонредна состојба, се плашам од 17-та жртва

Европратеникот Тонино Пицула, известувач на Европскиот парламент за Србија, коментира за тековните протести во Србија за „Н1“, како и за најновите настани поврзани со војната во Украина и за обидот за наоѓање мирно решение.
„Ми се чини дека Србија живее во вонредна состојба не само во последните еден или два месеца туку и подолго. Не е прогласена, но со текот на времето сите протагонисти со своите постапки покажуваат дека Србија е во ситуација во која некои стандардни механизми, што помагаат во решавањето на внатрешните конфликти во демократиите, не постојат“, рече тој на почетокот.
„Ова е еден вид институционална блокада. Ова не функционира во Србија со месеци и подолго. Ова е сериозна ескалација на насилството, што, имам чувство, почна по масовниот митинг на 18 јуни кога режимот на Александар Вучиќ ги извади ракавиците и почна да користи сила во поголема мера, не дека тоа не го правел претходно“.
Пицула исто така го изрази својот најголем страв кога станува збор за ескалацијата на насилството во Србија.
„Се плашам од 17-тата жртва. Зборуваме за 16 лица, кои ги загубија животите кога падна настрешникот на 1 ноември минатата година. Доколку овие конфликти доведат до нова жртва, можеме да зборуваме за уште поголема ескалација, што може да биде фатална“.
Каков е односот на Европската Унија кон претседателот Вучиќ?
„Во моментот ЕУ нема мотив, ниту капацитет да се однесува поинаку кон малигниот режим на Александар Вучиќ. За разлика од Украина, во ЕУ недостига компонента на единство, што би претставувала притисок, што би довел до компромис и можеби до одење на избори. Европскиот парламент е многу осамена институција во архипелагот на европски институции, што е многу критична кон Србија“, додаде Пицула.
Со кого може да се разговара тогаш во Србија?
„Ова е многу сложена ситуација и тешко е да се даде јасен одговор. Би било добро ако разговараат едни со други во Србија. За да се обезбеди мирна транзиција, да се најде компромисен механизам за да се стигне до избори. Сепак, проблемот е што изборите во Србија се случуваат релативно често. Вучиќ прибегнуваше кон избори секојпат кога проценуваше дека може да добие дополнителен легитимитет. Мислам дека имаше само два или три редовни циклуси, сè друго беа вонредни циклуси“.
„Треба да бидеме целосно јасни тука и да кажеме дека во Србија сè што е против Вучиќ не е нужно и за Европа во исто време, таму постои хетерогеност, што ја комплицира ситуацијата“, вели европратеникот.
Тој тврди дека сè уште нема обединет фронт во ЕУ што ќе изврши вистински притисок врз претседателот на Република Србија.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Автобус со српски туристи каменуван во Грција, има повредени

Автобус со 38 српски туристи бил каменуван синоќа на автопатот Егнација во Солун.
Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува „Прототема“.
Θεσσαλονίκη: Επίθεση με πέτρες σε τουριστικό λεωφορείο – 3 τραυματίες
Άγνωστοι, πέταξαν πέτρες σε τουριστικό λεωφορείο με αποτέλεσμα να σπάσουν τα τζάμια και να τραυματιστεί ο οδηγός, και δύο επιβάτες – Το συμβάν σημειώθηκε στα διόδια Ωραιοκάστρου στη Θεσσαλονίκη.#ingr #innews pic.twitter.com/M3l3Ft1yv8
— in.gr/news (@in_gr) August 21, 2025
Во нападот врз автобусот, во кој се превезувале српски туристи, кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.
Двајца патници и еден од возачите добија полесни повреди, објавува „Катимерини“.
Полицијата приведе две лица во врска со инцидентот, но не биле утврдени докази против нив и лицата биле ослободени.