Македонија
Министерството за здравство: 2.300 здравствени работници ја поминаа тренинг-програмата за Ковид-19
Министерството за здравство во изминатите четири недели онлајн ја реализира тренинг-програма COVID 19 Response Training, наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјата. За три недели, речиси 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари беа дел од интерактивните тренинзи, кои се одвиваа онлајн.
Тренингот е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Тој се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата поради Ковид-19.
„Со оглед на фактот дека голем дел од здравствените работници во светот, за жал, е заболен од Ковид-19, идејата на тренингот беше периодот од три недели да опфати значителен број здравствни работници од сите сегменти на здравствениот систем, сè со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се даде адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата. Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и управување со ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој“, велат од Министерството за здравство.
Првично беше избрана група од 40 медицински лица, 20 лекари и 20 медицински сестри, кои ја поминаа четиридневната онлајн-обука со обучувачи од Brown University од САД. Тие потоа имнаправија обука на речиси 2.300 здравствени работници од сите здраветвени установи во земјата.
Во правата фаза онлајн-тренингот почна со клиниките од клиничкиот блок „Мајка Тереза“, каде што речиси 650 здравствени работници ги слушнаа предавањата и развија активна дискусија за превенцијата и ширењето на инфекцијата со Ковид-19. Во втората фаза беа опфатени болницата „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, Специјалната болница „Чаир“, психијатриските болници, геријатриските центри, трите клинички болници – Тетово, Битола и Штип, како и сите општи оболници во сите градови во земјата, потоа здравствените домови, институтите за јавно здравје и специјалните болнци. Преку катедрата за семејна медицна беа организирани обуки на сите избрани лекари од примарното здравство, а преку студентската организација ЕМСА беа организрани предавања и за студентите на медицина. Тренингот заврши со дополнителна обука на клиниките во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, кои се најпогодени од новонастаната ситуација. Во овој комплекс 760 вработени го поминаа тренингот.
„Во услови кога медицинскиот персонал се соочи со досега непознат вирус, кој зеде замав за релативно кратко време, организирањето онлајн тренинг-програма за заштита за што поголем број медицински персонал беше вистински предизвик. Бројката од 2.300 учесници, кои понатаму протоколите ги пренесоа во своите работни организации, е од големо значење за намалување на трансмисијата на вирусот помеѓу здравствените работници“, нагласуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот.
Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година.
-Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број инспектори и административен кадар, извршување на редовни активности на терен, опремување и тековно функционирање на институцијата, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека инспекторатот за употреба на македонскиот јазик е нова институција, основана врз основа на законот за употреба на македонскиот јазик, чија цел е да го следи спроведувањето на законските обврски во инситутциите, образованието, културата и јавниот простор.
Костадиновска Стојчевска побара поддршка од сите пратеници за овој амандман.
„Барам поддршка за оваа институција да може конечно, откако е формирана во 2024, да профункционира, затоа што откако е воспоставена, нејзиниот буџет само се крати, а со тоа не се покажува вистинска грижа за зачувување, унапредување на македонскиот јазик“, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Муртезани во ЕП: Нашиот долг евроинтегративен пат, често надвор од Копенхашките критериуми, не ја поколеба нашата визија за полноправно членство
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на изразување, владеењето на правото и борбата против корупцијата, напредокот во пристапните преговори, добрососедските односи и регионалната стабилност, како и на прашањата од областа на животната средина, транспортот, енергетиката, инфраструктурната поврзаност, дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Во своето обраќање, Муртезани се осврна на клучните приоритети на државата во европскиот процес, нагласувајќи ја посветеноста кон реформите во рамките на Планот за раст и Реформската агенда. Тој истакна дека земјата продолжува со имплементација на суштинските реформски чекори, како и со подготовката на значајни инвестиции што ќе ја зацврстат економската и институционалната усогласеност со Европската Унија. Муртезани се осврна и на оценките од Годишниот извештај на Европската комисија за 2025 година, посочувајќи дека извештајот го потврдува континуираниот напредок на Северна Македонија и дека препораките на Комисијата веќе се вградени во националното планирање.
„За Северна Македонија, чиј пат беше долг и честопати исполнет со предизвици надвор од Копенхашките критериуми, европскиот пат и полноправното членство остануваат прашање на цврста убеденост, а не на погодност. Секоја реформа што ја спроведуваме ја зацврстува нашата верба дека Европа е најсилна кога го исполнува своето ветување и дека Унијата е целосна кога оние што најдолго чекале конечно ќе бидат примени како полноправни членки“.
Македонија
Утре претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини снег
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат денес, во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа). Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

