Свет
Трамп најави пет милиони теста на коронавирус на ден
Во САД направени се речиси 5,7 милиони теста на коронавирусот за два месеца, а претседателот Доналд Трамп најавува дека набргу ќе се прават пет милиони теста на ден.
Двете причини зошто САД имаат толку голем број потврдени случаи на коронавирус се големата популација од приближно 330 милиони луѓе и големиот број тестови што ги прават, пренесува Би-би-си.
Речиси 5,7 милиони теста се извршени во САД во изминатите два месеца. Овие бројки изгледаат високи, но според научната онлајн-публикација за податоците во светот, САД направиле 16,3 теста на 1.000 лица, што е помалку од Италија, каде што биле направени 30,6 теста на 1.000 луѓе.
Трамп најави дека САД набргу би можеле да извршат дури пет милиони теста на ден и дека тоа ќе се биде многу бргу.
Сепак, неговите процени се оптимистични, забележува Би-би-си, додавајќи дека во САД во моментот тестираат 200.000 лица.
Критериумите за тестирање во САД варираат од држава во држава. Ограничениот број тестови значи дека приоритет им се дава на хоспитализираните пациенти, здравствените работници и лицата сместени во домовите за социјална заштита или во затворите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

