Свет
(Видео) Американскиот потпретседател одби да стави маска во клиника каде што тоа е задолжителна процедура
За време на посетата на клиниката „Мајо“, американскиот потпретседател, Мајк Пенс, во вторникот ја игнорира мерката за задолжително носење маска во време кога САД бележат повеќе од милион потврдени случаи на инфекција.
Клиниката во Минесота, позната како непрофитен истражувачки и болнички центар, на „Твитер“ објави дека пред неговата посета го известила потпретседателот за правилото за задолжително носење маска. Оваа објава во меѓувреме беше избришана.
Mike Pence refused to wear a mask on Tuesday as he toured the Mayo Clinic and met with hospital staff and a patient, rejecting the famed hospital’s policy that all visitors cover their faces to reduce #Covid-19 risks https://t.co/kI5MRBkA4f pic.twitter.com/oUkhXI232i
— POLITICO (@politico) April 28, 2020
„Дел од нашиот протокол за безбедност е да побараме од сите пациенти, посетители и вработени да носат маска додека се на клиниката ‘Мајо’ за да се спречи ширењето на Ковид-19“, стои на страницата на оваа здравствена установа. Оваа мерка е во сила две недели.
За време на делот од посетата што беше отворен за медиумите, беше очигледно дека сите, освен Пенс, носат маска. Тој подоцна рече дека на ваков потег се одлучил бидејќи секојдневно е тестиран на коронавирус.
„Бидејќи немам коронавирус, мислев дека ќе биде добра можнот да отидам таму, да разговарам со овие истражувачи и неверојатен медицински персонал, да ги погледнам во очи и да им се заблагодарам“, рече потпретседателот на САД.
Според најновите податоци, бројот на починати Американци од пандемијата на коронавирусот надмина 59.220 лица, со што се надминува бројот на убиени Американци за време на војната во Виетнам, а бројот на заразени со Ковид-19 во земјата надмина еден милион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

