Економија
УСАИД додели 330.000 долари за македонскиот Црвен крст
Соединетите Американски Држави, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 330.000 американски долари за справување со Ковид-19 во земјата преку грант за Црвениот крст на Северна Македонија.
Грантот на УСАИД е дополнување на помошта од 1,1 милион американски долари од Владата на САД доделени на земјава за намалување на ширењето на коронавирусот, информираат од американската Агенција во нашата земја.
„Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството, чиј секојдневен живот е крајно загрозен од вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски приходи, како и оние што живеат во затворени заедници. Во следните три месеци Црвениот крст ќе дистрибуира 4.200 пакети со храна, 4.200 пакети со средства за хигиена, 3.000 пакети со средства за дезинфекција и 1.000 пакети за бебиња“, се наведува во соопштението на УСАИД.
УСАИД исто така ќе му помогне на Црвениот крст да го зголеми опсегот на своите услуги за социјално и ментално здравје, кои се достапни на целата јавност.
Црвениот крст ќе обучува волонтери во своите 33 локални центри за да им помогне на сите што се соочуваат со стрес или други социјални предизвици за време на кризата.
„Во име на САД чест ми е што можеме да оствариме партнерство со Црвениот крст за да обезбедиме помош за ранливите групи погодени од Ковид-19“, рече американската амбасадорка, Кејт Мери Брнс.
„Овие напори на Црвениот крст претставуваат солидарност на највисоко ниво, како што изјави претседателот Пендаровски неодамна. Почестена сум бидејќи САД може да бидат дел од солидарноста заедно со Црвениот крст и сите други кои колективно се справуваат со пандемијата“, додаде таа.
Во изминатите 20 години САД имаат инвестирано над 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија, потсетуваат од УСАИД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

