Македонија
(Видео) Пендаровски се информира за состојбата на најмладите пациенти заразени со коронавирус
Претседателот Стево Пендаровски преку видеоврска денеска разговараше со доктор Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата.
Во разговорот Андоновски го информира претседателот за начинот на функционирањето на болницата, која од самиот почеток на пандемијата е здравствена установа каде што се лекуваат децата што се сомнителни или, пак, боледуваат од Ковид-19, како и деца со висока температура и белодробни проблеми.
„Досега во болницата се тестирани повеќе од 50 деца. Од нив, 4 беа позитивни на вирусот. Најмалите дијагностицирани деца се на возраст од 4 месеци, а најголемото на возраст од 15 години“, посочи директорот во разговорот и додаде дека во моментот во болницата во Козле се хоспитализирани три деца, кои се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена.
Од претседателскиот кабинет информираат дека доктор Андоновски објаснил оти децата што заболуваат од вирусот имаат лесни симптоми и поминуваат без компликации.
Претседателот Пендаровски во денешниот разговор му искажал поддршка и благодарност за досегашниот несебичен ангажман на директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата, но и на сите вработени во оваа здравствена установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

