Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Истрага и одговорност за 120 милиони евра мора да има
„Дебаклот на економските политики на власта на Заев сега излегуваат на виделина. Епидемијата на коронавирусот само ја влошува и онака лошата состојба со буџетот. Се потврдија нашите стравови дека власта на Заев неодговорно се однесува со парите на народот и се подготвувала за изборна корупција, која сега скапо ќе ја плаќаме. Потрошен е во првите 3 месеци речиси 43 отсто од планираниот дефицит на годишно ниво, а ништо не е изградено, што значи дека власта во огромен дел парите ги потрошила ненаменски за предизборни цели“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, само за споредба, во изминатите три години за истиот период дефицитот бил реализиран во просек 18 отсто, а оваа година тој е 43 отсто. Патем, и покрај безмилосното трошење на буџетот, реализацијата на капиталните инвестиции за првото тримесечје изнесува 8,45 отсто, што значи тие пари не биле трошени за патишта и инфраструктура, туку за партиски вработувања и ставка други трошоци.
„Од почетокот на годината потрошени се 120 милиони евра повеќе отколку што се прибрани, а добар дел од таа разлика е направен во време кога сè уште немаше никакви импликации од епидемијата на коронавирусот. Ова значи дека секое семејство за 3 месеци од 2020 година е задолжено со нови 250 евра. Само во март дупката изнесува 50 милиони евра, а крајните прогнози на ММФ се дека годинава, поради неспособноста на оваа власт и ненавремените мерки, ќе ја завршиме со пад на БДП од 4 отсто. Дупката во буџетот, ако се преземаат други неодговорни чекори, може да порасне и до 1,3 милијарда евра, што значи дека оваа година ќе биде година на економски крах.
Дека власта предоцна и премалку презема мерки за спас на економијата, говори и фактот што уште на почетокот на март кога ВМРО-ДПМНЕ алармира и предлагаше конкретни мерки, економскиот тим на Владата испланира само 5 милиони евра за поддршка на стопанството.
Затоа, илјадници работници се отпуштени, а уште толку стравуваат дека ќе го изгубат своето работно место. Мерките на Владата се недоволни и огромен број од стопанските субјекти може да стават клуч на врата“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“ – системот е изопачен
Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани поднел приватна кривична тужба против осум лица и други непознати лица од Кочани за оштетување на туѓи предмети, велат од Левица утрово преку соопштение.
Во тужбата, како што се наведува, станува збор за оштетувањата на кафе барот „Класик“, исто така сопственост на Јованов, што настанаа на протестите на 17 март лани, еден ден по трагичниот настан со пожарот во дискошталата „Пулс“ во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од двеста се со тешки повреди и до ден денес се лекуваат.
„Фактот дека синот на газда Деко поднел приватна кривична тужба против осум лица и непознати сторители за оштетување на имот, која сама по себе повлекува и обештетување доколку се утврди вина, претставува врв на безобразието и цинизмот во оваа трагедија.
Да потсетиме, Левица на лидерската средба минатата недела побара државата да ги обештети семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, но државата експресно се прогласи за ненадлежна со образложение дека трагедијата се случила во приватен објект. Во истата таа држава, денес газдата на истиот објект што изгоре, кој е осомничен и против кого се води кривична постапка, бара кривичен прогон на млади луѓе и сопствено обештетување за настани кои се директна последица на неговото криминално и неодговорно работење, потпомогнато од системот на државата која е ненадлежна да ги обештети жртвите од пожарот затоа што бил на приватен имот.
Ова е слика на изопачен систем во кој жртвите се оставени без правда и поддршка, а осомничените добиваат простор да ги тужат граѓаните, па дури и деца, за да наплатат штета. И, не е случајно што сето ова се случува токму сега, кога победи партијата која со години го толерираше безредието, криминалот и клиентелизмот. Таа победа очигледно беше „ветер во грб“ за криминалните структури да се чувствуваат недопирливи и охрабрени да удираат по народот кој бара правда.
Порачуваме дека нема да дозволиме трагедијата во Кочани да се претвори во фарса каде виновните ќе се прикажуваат како жртви, а жртвите како виновници. Одговорност мора да има и кривична, и институционална и политичка. Секој обид за заплашување на граѓаните и лицата кои протестираа и протестираат ќе го сметаме како директен напад врз правото на правда и достоинство.
Правдата за Кочани не смее и нема да се задуши со уцени, закани, тужби и молк“, се вели во соопштението на политичката партија.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

