Македонија
Клиниката за хематологија со совети и препораки за пациентите во услови на Ковид-19
Универзитетска клиника за хематологија – Скопје во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19 работи со полн капацитет во согласност со препораките за работа на Министерство за здравство.
„Секојдневно се спроведуваат мерки, кои имаат цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24-часовен континуиран специфичен третман“, велат од Клиниката.
Од таму објаснуваат дека најважна улога во превенцијата на Ковид-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест и даваат поспецифични препораки за најчестите хематолошки заболувања.
– агресивни лимфоми – не се препорачува промена или одложување на иницијалната терапија.
– индолентни лимфоми – се препорачува почнувањето на терапијата да се одложи колку што е можно подолго, односно пристап watch and wait. Кај пациентите што треба да продолжат со терапија на одржување со Rituximab, се препорачува таа да се одложи, а доколку веќе се на терапија на одржување, да се прошират временските интервали на апликација помеѓу циклусите.
– Hodgkin Lymhoma – доколку е возможно, радиотерапијата треба да се избегнува бидејќи се спроведува во повеќекратни сесии, кои бараат чести болнички посети.
– акутна лимфобластна леукемија – кај акутните леукемии ставовите се поинакви. Задолжително е тестирање за SARS-CoV-2 со PCR-метода пред да се почне со лекување и веднаш да се почне лекување со стандардна терапија кајнегативните пациенти на Ковид-19.
– миелодиспластичен синдром – кај миелодиспластичните синдроми со низок ризик се дава предност на еритропоетин-стимулирачките агенси пред трансфузија со еритроцити, која се ограничува само во ситуации кога е стриктно индицирана.
– миелопролиферативни неоплазми ( Ph+ и Ph-) – кај новодијагностицираните пациенти со миелопролиферативни неоплазми, вклучувајќи ја и хроничната миелоична луекемија, сите лекови може да бидат безбедно почнати, освен што постои резерва за почнување со терапија сo JAK2-инхибитори – Ruxolitinib. Kaj веќе дијагостицираните пациенти, кои се на терапија со тирозин киназни инхибитори (ТКИ), хидроксиуреа-терапијата редовно продолжува, со тоа што болничките посети треба да се заменат со комуникација преку дигиталните апликации („Вибер“, имајл и телефонски број).
– мултипен миелом – иницијалната терапија, како за пациентите кандидати за трансплантација така и за пациентите што се непогодни за трансплантација, не треба да се менува. Истото важи и за терапијата на одржување.
Од Клиниката советуваат и како да се превенира развој на Ковид-19 кај пациентите со малигни хематолошки заболувања и пациентите кај кои е спроведена трансплантација на коскена срцевина.
• Kако и кај општата популација, важат мерките за избегнување контакт и социјално дистанцирање. Закажувањето на пациентите во болички термини точно временски се планира, со цел да се одржува соодветно растојание од 1 до 2 метра помеѓу пациентите во чекалниците.
• Редовна хигиена на рацете со сапун и вода, со средства за дезинфекција на рацете.
• Употребата на заштитни маски е задолжителна во услови кога е невозможна контактна изолација. Во однос на заштитните маски, тие, генерално, се делат во две групи:
1) хируршки маски;
2) високопротективни респиратори
Треба да се внимава која маска кој и кога треба да ја употребува.
Хируршките маски штитат од трансмисија на вирусот од инфицирани лица со/без симптоми. За разлика од нив, маските FFP2/3 штитат од добивање вирусна инфекција само кај оној што ја носи, а не ги заштитува од трансмисија на вирусот другите лица во собата.
• Неопходно е да се почитуваат мерките за самоизолација, а во одредени случаи и карантин за време и пред почнување на хемотерапијата. Пациентите треба внимателно да се едуцираат за овие мерки и да добијат и пишани инструкции.
• Во однос на профилаксата со интравенски имуноглобулини, треба да се потенцира дека овие имуноглобулини не се специфични за вирусот и затоа не обезбедуваат специфична вирусна заштита. Интравенските имуноглобулини треба да се аплицираат во согласност со ЕМА -препораките, односно кај пациентите со тешка хипогамаглобулинемија, кои имаат чести инфекции.
• Бактериските суперинфкеции може да бидат дополнителен проблем, меѓутоа антимикробна профилакса со употреба на G-CSF и антибиотици надвор од вообичаените препораки не се препорачува! Досегашните податоци од студии кај трансплантирани пациенти во ран посттрансплантациски период (до 90 дена) со респираторна вирусна инфекција покажуваат дека профилактичката употреба на антибиотици претставува независен ризик-фактор за исходот од инфекцијата.
• Се препорачува вакцинација за сезонски грип и пневмококна вакцина.
• Од досегашните податоци може да се заклучи дека, сепак, најважна улога во превенцијата на Ковид-19 кај хематолошките болни, како и на другите респираторни вируси, претставува контролата на основната хематолошка болест.
Хематолошките пациенти што се сомневаат дека се заразени од коронавирус потребно е:
– телефонски да се обратат кај својот матичен лекар,
– да ја наведат хематолошката дијагноза,
– да ги наведат сите лекови што ги користат за да се овозможи подобра процена од матичниот лекар за натамошно постапување,
– препораката од матичниот лекар задолжително да ја почитуваат во целост.
За сите потребни информации, пациентите може да се консултираат со доктор од Клиниката на следните телефонски броеви:
– 075 477 240,
– 075 477 241,
– 075 477 242,
– 075 477 243,
– 075 477 244,
– 075 477 245.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев да им ја продаде болницата под цената за да го ослободат од обвиненија
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, и на денешната прес-конференција побара Јавното обвинителство итно да ги провери наводите за притисок врз Жан Митрев да ја продаде болницата, оценувајќи дека се работи за сериозни обвинувања кои бараат одговорност.
Стојаноски повикувајќи се на телевизиското интервју на Жан Митрев, рече дека во времето кога СДСМ била на власт, поранешниот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев со цел да ја преземат неговата приватна клиника за сума далеку под пазарната.
Според Стојаноски, д-р Митрев бил изложен на силни притисоци токму во периодот кога против него се водел судски случај. Пратеникот тврди дека личната сметка на Митрев, како и сметката на клиниката, биле блокирани, а била изречена и забрана за продажба на удели.
„Само една недела по нивното барање да ја купат болницата, Јавното обвинителство ја повлекло забраната за продажба – што покажува како институциите биле ставени во служба на интересите на тогашната власт“, изјави Стојаноски.
Дополнително, д-р Митрев изјавил дека добил понуда од Филипче и Заев да се спогодат – ако ја продаде клиниката под пазарната цена, тие би му помогнале да се ослободи од обвиненијата.
„Уште по скандалозно е тоа што, др. Жан Митрев вели дека Заев и Филипче му понудиле и спогодба, односно доколку ја продаде болницата за пониска сума од пазарната, ќе му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него“, додаде Стојаноски.
Македонија
Беким Сали на лидерски состанок во Давос
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на Лидерскиот состанок (Davos Leadership Gathering), кој ќе се одржи во Давос, во периодот од 19 до 22 јануари.
Лидерскиот состанок во Давос ќе собере светски лидери, економисти, банкари и експерти од различни области, со цел дискусија за глобалните предизвици и меѓународните економски развои.
Првиот заменик-претседател ќе се обрати на форумот во рамки на панел-дискусија, на која ќе се разговара за климатските промени, конфликтите и социјалната грижа.
Македонија
СДСМ: Десет години по заминувањето на Груевски, повторно сме во истата ситуација со ВМРО-ДПМНЕ
Овој јануари се навршуваат точно 10 години откако Никола Груевски ја напушти премиерската функција, но според СДСМ, државата повторно се соочува со истите проблеми под актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.
Во соопштението на партијата се наведува дека по заминувањето на Груевски започнал крајот на режимот што 11 години ја влечел Македонија назад, со масовен криминал, корупција, партизација, медиумски притисоци и изолација. Но, според СДСМ, денес, по две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, земјата повторно се наоѓа на исто место.
„Повторно сме на пат кон изолација, далеку од ЕУ и САД, граѓаните тешко живеат, стандардот опаѓа, институциите се под партиска контрола, а криминалот и корупцијата цветаат“, стои во соопштението.
Партијата нагласува дека пари нема за поголеми плати, но има за криминални тендери, а се повторуваат и притисоци врз медиуми, јавен линч и политички прогони, како и злоупотреба на полицијата за партиски цели.
„На исто сме со ВМРО, само што денес на местото на Груевски е Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ, со повик дека е време власта повторно да се врати во рацете на народот.

