Економија
„Нептун“ месецот мај го посветува на своите вработени експерти за технологија!
„Нептун Македонија“ ДОО – најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, телевизори, смартфони, ИТ-уреди, гејминг-опрема и уреди за ладење и греење, присутна е 22 години на македонскиот пазар, со 25 продажни салони во 21 град во Македонија и со 415 вработени.
По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, компанијата ќе го посвети целиот месец мај на своите вработени, кои со своето долгогодишно искуство, врвно познавање на бенефитите од производите, искрено и објективно советување на купувачите стекнаа доверба кај истите на ниво на експерти за технологија.
Овој месец промотивните производи се препорачани од нив – нашите и ваши ЕКСПЕРТИ!
Експертите ви подготвија пет промоции за различни продуктни категории.
ИТ-експертите ги селектираа најдобрите лаптопи и ИТ-уреди за бизнис и гејминг, оние за комуникациска опрема понудија експертиза за купување на најновите и најдобри смарт телефони, додека аудио и видеоекспертите направија ретроспективна понуда на најпродаваните телевизори – со одлични happy цени.
Од експертите за бела техника, креирана е одлична понуда на најбараните апарати за домаќинство од најдобрите и најквалитетни брендови, со можност за плаќање до 60 рати со happy кредитот, а трендовските мали апарати за домаќинство и апарати за лична нега и убавина, ви ги понудија по супер цени.

„За нас како бренд кој постои на пазарот 22 години и сме лидери на пазарот за продажба на апарати за домаќинство најбитно ни е купувачкото искуство, а купувачкото искуство најмногу зависи од човечкиот фактор или поточно речено од нашите 415 вработени. Нивните посветеност, искуство, знаење, љубезност се клучни за врвно купувачко искуство. Континуирано инвестираме во човечките ресурси со бројни обуки, семинари, посети на саеми со кои сакаме да ги мотивираме вработените што повеќе да учат за технологиите кои ги нудат и продаваат на нашите клиенти. Овој месец по повод Денот на трудот одлучивме промоциите да ги подготваат нашите продавачи кои директно секојдневно се во комуникација со нашите клиенти, бидејќи тие најдобро ги знаат нивните потреби и она што сакаат да купуваат, кои брендови, кои производи и кои модели од сите продуктни категории. Се надеваме дека овие промотивни и препорачани понуди ќе им се допаднат на нашите клиенти и ќе бидат задоволни од предлозите на нашите експерти. Проверете ги понудите и препорачаните производи од нашите експерти на нашата веб-страница https://www.neptun.mk/ или на NEPTUN мобилната апликација.
Би сакал да напоменам дека изминатиов период во време на пандемија тие се оние кои се најизложени од целиот тим на „Нептун“. Ризикот од изложеноста е огромен и би сакале и јавно да им се заблагодариме на сите наши вработени кои несебично се залагаат компанијата да функционира и во вакви вонредни состојби. Воедно, од името на „Нептун Македонија“ и целиот наш тим им го честитаме празникот 1 Мај на сите граѓани на нашата држава со искрени желби за добро здравје и што побрзо да излеземе од глобалната здравствена криза” -, изјави г. Горан Цветинов, генерален директор на „Нептун Македонија“.

„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на „Тирана банк“. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

