Македонија
Владата и синдикатите дефинираа предлози за финансиската поддршка за платите на работниците

Во Владата денеска се одржа состанок со претставниците на синдикатите и граѓанските организации, на кој се разговараше за уредбата за владината финансиска поддршка за исплата на платите на работниците и за спас на работните места.
Со состанокот претседаваше премиерот Оливер Спасовски, а присуствуваа вицепремиерката задолжена за економските ресори, Мила Царовска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.
„На состанокот, на кој се разговараше конструктивно со цел да се надминат разликите кои предизвикаа недоразбирање, заеднички е констатирано дека се дефинирани предлози кои се добра основа за решение во насока на заштита на работните места, отстранување на можностите за отпуштање на работниците во услови на здравствено-економската криза од коронавирусот, а во исто време решение кое ќе биде стимул за компаниите да ја искористат државната помош“, информираат од владината прес-служба.
На средбата постигната е заедничка согласност дека во иднина ќе продолжи и ќе се интензивира економско социјалниот дијалог со сите партнери во врска со следни одлуки поврзани со спречување на економските последици од кризата.
Владините и граѓанските претставници се заложија за решавање на отворените прашања во најбрз можен рок, со цел спроведување на мерката за заштита на работните места и за редовна плата во услови на криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 27 пожари во Македонија

Во текот на денешниот ден, низ Македонија, до 21 часот, имало 27 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, седум се уште се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација и стрништа)
Општина Прилеп – с. Големо Коњари (ниска вегетација и стрништа)
Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
ИЗГАСНАТИ (17):
Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
3-6. Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
13-14. Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
15-16. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)
Македонија
(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.
Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство во Еразмус е во целосна координација со канцеларијата на ЕУ

СДС нека провери во своите редови пред да зборува следен пат, Лидија Димова беше разрешена од Агенцијата заради злоупотреба на финансиски средства, не постои институција во која СДС нема направено криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинувањата од СДСМ за новото раководство на „Еразмус“.
„Актуелното решение е во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија. Истите забелешки, СДС нека ги сподели и со канцеларијата на ЕУ. Во меѓувреме, пред да излезат со прес-конференции и соопштенија, СДС прво да си го погледнат својот двор. Впрочем, нивниот „двор’’ е полн со луѓе кои обавувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или сторен криминал. Таков случај беше и оној, кога Лидија Димова како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотребила службената положба и проневерила заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари. Димова предизвикала шета на други средства во државата со кои управува Европската заедница во вкупен износ од околу 20 милиони денари, со коишто Димова направиле две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК.
Да потсетиме, тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, кој потоа Европската заедница си ги бараше назад. Овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, како близок пријател на еден од националните координатори во Владата.
Затоа, СДС нека си ги проверува своите редови и криминалите што ги има направено. Знаеме дека се многу и понекогаш можеби ги забораваат, но затоа тука сме ние да ги потсетиме и да го повикаме ЈО да си ја извршува работата“ пишува во реакцијата.