Свет
(Видео) На раката на Ким Џонг-ун забележан белег кој укажува на медицински третман?
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за прв пат по 20 дена отсуство се појави во јавноста. По неколкунеделните шпекулации за неговото здравје, се појавија снимки кои ги негираат тврдењата дека тој е во лоша состојба, па дури и дека починал.
На новите снимки се гледа како лидерот на земјата разговара со различни службеници, пуши цигари и се смее. Дури не користеше ни бастун како поддршка при одењето, што на пример, беше случај во 2014 година кога се појави во јавноста по наводна операција на глуждот.
Сепак, наскоро медиумите на снимката забележаа еден интересен детаљ – точка на неговата рака која можеби укажува дека лидерот на Северна Кореја неодамна бил подложен на некоја медицинска процедура.
Според државната агенција КЦНА, Ким Џонг-ун присуствувал на церемонија за отворање на фабрика за вештачки ѓубрива, каде ја персекол свечената лента.
Севернокорејскиот лидер, до денеска, во јавноста последен пат веше виден на 11 април, кога претседаваше на конгресот на социјалистичката партија. Во меѓувреме, се шпекулираше дека тој имал операција на срце и бил во кома, а подоцна и дека се заразил со коронавирус.
Денеска, државните медиуми објавија снимки на кои се гледа лидерот на Северна Кореја како се вози во електрично голф возило за време на посетата на фабриката и весело разговора со службените лица. Но, наскоро се појавија шпекулации околу мистериозната трага на неговата рака, објави „НК Њуз“.
Со оглед на тоа што информациите кои доаѓаат од Северна Кореја се многу често се контролирани и ограничени, државните власти досега не доставиле никакви податоци или коментари за трагата на раката на Ким Џонг-ун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Беспилотно летало со непознато потекло падна врз воена база во Полска
Беспилотно летало со непознато потекло се урна врз воена база во Пжасниш во северно-централна Полска на 28 јануари, објави денес полското радио Зет, повикувајќи се на извори, пишува „Ројтерс“.
Радио Зет, исто така, наведува дека полската воена полиција потврдила дека е започната истрага за инцидентот.
„Ројтерс“ не можеше веднаш да добие коментар од Воената полиција.
Регион
Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.
Свет
САД сепак се вклучуваат во преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, по посетата на Израел треба да учествува на следниот круг преговори меѓу Украина и Русија, кои ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби. Ова го објави Барак Равид, дописник за глобални прашања на порталот „Аксиос“, пренесе „Европејска правда“.
Според наводите на новинарот, Виткоф на 3 февруари ќе допатува во Израел, а потоа ќе замине во Обединетите Арапски Емирати за да присуствува на преговорите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, нема да учествуваат на следниот круг преговори со Русија и Украина, додавајќи дека американското присуство е „можно“.
Трамп на 30 јануари повторно изјави дека гледа можност за успешни преговори за завршување на руско-украинската војна. Еден ден подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае дали мировните преговори се во завршна фаза или сè уште е потребен ангажман на повеќе земји.
Првиот круг тристранни преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија се одржа во Абу Даби на 23 и 24 јануари, кога се разговараше за параметрите за завршување на војната.

