Свет
Коронавирусот речиси еден месец е главна причина за смртност во САД

Болеста Ковид-19 предизвикана од новиот коронавирус стана главна причина за смрт во САД, пренесува новинската агенција Бета, повикувјќи се на статистички податоци.
Според статистичкиот развој на пандемијата, прикажан на страницата „Ворлдометар“, на 1 март во САД била регистрирана првата жртва од Ковид-19.
На тој ден, најголемите причини за смрт во САД беа: срцеви заболувања (1.774) и карцином (1.641), а потоа следувале несреќи, хронични заболувања на белите дробови, мозочен удар, Алцхајмерова болест, дијабетес, грип….
Нешто повеќе од еден месец подоцна, на 8 април, Ковид-19 се најде на врвот на списокот за причини за смртност, според дневниот број на починати во САД.
На тоа место е и денес, сабота, 2 мај, со 2.062 пријавени смртни случаи од оваа болест.
Според вечерните податоци собрани од агенцијата АФП, САД со 65.173 починати, се земја со најмногу смртни случаи од коронавирус во светот. Ковид-19 во глобални рамки досега одзеде над 240.000 животи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.