Македонија
(Видео) Костадинов: Во ВМРО-ДПМНЕ немаат став за ниту едно важно прашање
„За само една недела, јавноста слуша сосема спротивни ставови од ВМРО-ДПМНЕ.Прво Мицкоски, на 24 април изјави дека не му се јасни вторите 30 дена вонредна состојба и дека првите 30 денови „биле сосема доволни“. Вчера, неговиот потпретседател, Александар Николовски, изјави дека „вонредната состојба треба да продолжи“, па дури и додаде дека тоа „не е прашање на нечија желба“.Пред 1 недела Мицкоски вели едно, вчера Николовски вели друго.Каква неодговрност и несериозност. Во ВМРО-ДПМНЕ немаат став за ниту едно важно прашање.Или Александар Николовски повторно го корегираше Христијан Мицкоски?“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Според него, едно е јасно, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти од борбата против коронавирусот.
„На почетокот на кризата тргнаа со потценување и исмевање на заканите по здравјето на граѓаните.Длабоко врежана во меморијата на граѓаните останува онаа срамна изјава на Мицкоски на крајот од февруари дека „од СДСМ молеа бога да се случи коронавирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“. Секојдневни се и обидите за девалвирање на успешното справување со пандемијата со коронавирусот од страна на здравствените власти.
Наместо поддршка на напорите на Венко Филипче и неговиот тим, тие во екот на кризата водат негативна кампања против министерот за здравство со ширење лажни вести и невистини. Како примерот со Мицкоски кој излажа дека немало ниту 100 тестови во државата а илјадници се тесрираа. ВМРО-ДПМНЕ се свесни за ова и затоа бегаат од секој еден демократски мегдан, бегаат од соочување со граѓаните. Затоа не сакаат функционално Собрание, затоа не сакаат нормализација и затоа не сакаат избори.СДСМ и граѓаните сериозно се подготвуваат за новата реалност, за новата нормалност. Ги повикуваме сите граѓани за уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките.СДСМ ќе продолжи да се однесува одговорно и секој следен чекор ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара одговори: Како пет тони дрога ја поминаа границата без да се забележи
По случајот со заплената на 5 тони дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од Македонија, СДСМ повикува на одговорност од институциите и посочува на можен организиран криминал со политичка поддршка.
„Цела недела помина без одговор: како е можно 5 тони дрога да ја поминат македонската граница без никој да одговара?“, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение, посочувајќи дека ваков криминал не може да се одвива без логистика, поддршка и заштита од структури на власта.
Од партијата потсетуваат дека на граничните премини постојат камери од проектот „Сејф сити“, скенери, мобилни царински служби и други форми на контрола, што, според нив, ја прави невозможна ваква пратка да помине незабележано.
СДСМ истакнува дека случајот во Србија, според информации во медиумите, е поврзан со владејачката партија СНС – сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, како и со државни функционери.
„Ова е организиран криминал со политичка заштита. Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и за дефокус: „Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи, со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.“
СДСМ порачува дека „картелскиот скандал води до врвот на власта“ и дека мора да има одговорност.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис
Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на експремиерот Заев на социјалните мрежи, во која тврди дека владејачката партија шири лаги.
„Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога.
Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.
Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?
Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?
Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?
Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици меидуми од таа земја.
Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра.
Пејачот бил одведен до градот Рума, каде што, според пишувањето на Блиц, при обид полицијата да го запре возилото, киднаперите удриле во заштитна ограда покрај патот, излегле од автомобилот и побегнале.
Даниел Кајмакоски во Србија е познат како победник на првата сезона од регионалното музичко натпреварување „Икс фактор“. Во 2015 година ја претставуваше Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена со песната „Лисја есенски“, но не успеа да се пласира во финалето.
Засега нема официјални информации од надлежните власти за случајот.

