Македонија
(Видео) Јанушев: Додека граѓаните немаат за леб, СДСМ купува школки, шкампи и морска риба
„Додека народот нема за леб и сол, владата на СДСМ купува школки, октоподи и морска риба.
Ова е извадок од веб-страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат трите договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи и сето ова се прави во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.
Народот се организира и шие маски, капи и каљачи за лекарите, затоа што владата наместо да купи заштитна опрема, парите ги потрошила за гозба.
„Доколку Заев, Спасовски и СДСМ купеа заштитна опрема за лекарите и медицинските работници немаше да имаме над 200 заразени лекари и медицински сестри. Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно.
Работниците остануваат без работа, земјоделците се без откуп, економијата тоне и наместо помош за сите нив, владата ги фрла последните пари за морска риба. Срамота!Ова е класична злоупотреба и за ова одговорност мора да има. Бараме под итно да запре безредието со трошењето на народните пари. Во ек на криза, во ек на пандемија не смее да се троши на луксуз и гозби. Потребно е итно запирање на сите тендери кои значат набавка на непотребни работи. Во овие моменти народот од власта очекува скромност, а не раскалашеност и аздисаност.Веднаш да се раскине договорот и парите да се пренаменат за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал.Ова е само еден од низата примери на луксузирање додека народот гладува. Деновиве ќе обелодениме и други скандалозни набавки.Напоменувам – сите вакви договори, со кои се манифестира луксуз во ек на пандемија ќе бидат предмет на ревизија за многу брзо од сега и сите кои сториле криминал ќе одговараат“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

