Соопштенија
ФРОДЕМ со писмо до Пендаровски бара да биде повикан на лидерската средба
Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” бара на претстојната лидерска средба која претседателот Стево Пендаровски има намера да ја закаже да бидат повикани и претставници на останатите политички партии и асоцијации кои поднеле листи за кандидати за пратеници за учество на претстојните парламентарни избори и чии листи се потврдени од страна на ДИК.
„Ова го бараме поради фактот што на средбата на која донесовте одлука за одложување на
изборите беа повикани само лидерите на политичките партии кои досега имаа свои пратеници во Собранието на Република Македонија, а останатите беа игнорирани, иако Собранието тогаш беше распуштено. Бидејќи Вие и правните експерти на СДСМ и ДПМНЕ на една од претходните средби зазедовте став дека Собранието е распуштено и нема право повторно да се состане, сметаме дека одржувањето средба во ист таков формат како и досега нема да има легитимитет и легалитет по ниту еден основ. Штом имате став дека Собранието е распуштено, тоа значи дека досега повикуваните лидери немаат свои претставници во Собранието и истите нема кого да претставуваат на средба кај Вас, а најмалку заедно со Вас да одлучуваат за одредување датум за одржување на парламентарните избори“, се вели во соопштението.
„Затоа ФРОДЕМ – ,„Фронт за демократска Македонија“ во име на Колицијата ,’Никогаш Северна, само Македонија’ инсистира од Вас на средбата да бидат поканети и лидерите, односно претставници на сите политички партии и коалиции кои поднесоа листи со кандидати за претходно закажаните избори на 12 април 2020 година. Ова го бараме и поради фактот што лидерите на до недамна парламентарните политички партии го немаат екслузивното право во име на сите граѓаните на Република Македонија, ниту, пак, поголем кредибилитет за разлика од другите политички париии во државата во оваа ситуација, повторно сами да одлучуваат за одредување датум за парламентарни избори. Сега сите партии и коалции кои поднеле листи на кандидати имамат ист статус како и право рамноправно да го изнесат својот став по однос на одржувањето на претстојните избори, како и по однос на другите прашања важни за иднината на државата.
Се надевам дека ќе имате доблест и нема да си дозволите повторно свесно да го прекршите Уставот и уставно загарантираните слободи и права, моралните норми и принципи и совесно и принципиелно ќе пристапите кон свикување на средба заради решавање на проблемот кој го создадовте со експертите и досега повикуваните политички лидери. Исто така сакаме повторно да ви потенцираме и да ви укажеме доколку повторно се одржи средба без претставници на партиите и коалициите кои имаат поднесено листи на кандидати за закажаните избори, истата би била нелегална и нелегитимна и за тоа ќе бидеме принудени да поведеме постапка пред надлежните институции во државата како и да ја известиме пошироката јавност“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Наместо нови лица- стара банда, велат од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија, тврдат утрово од СДСМ преку соопштение до медиумите.
„Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки.
Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.
ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.
Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.
Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.
Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.
Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.
Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.
Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда“, стои во соопштенитео на СДСМ.
Соопштенија
Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, праша СДСМ
Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, потсети утрово Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
„И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“ параа од СДСМ.
Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат, сметаат од СДСМ.
„Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста. Молкот од власта е најсилна потврда.
Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?
Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?“, велат од СДСМ.
Партијата укажува дека има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции и ако незаконски се произведени 40 тони бараат Владата да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта.
Соопштенија
„Гласаа против ’Безбеден град’, а сега бараат да се казнат тие со нерегистрирани возила и без возачка“, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ
„СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат“, реагираат утрово преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.
Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.
А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.
Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Во периодот на власт на СДС и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.
Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.
Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.
Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.
И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

