Македонија
Навивачки групи скандираа додека Шекеринска се подготвуваше за изјава
Помали навивачки групи скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ додека минстерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите, по положувањето цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Министерката поради скандирањето не даде изјава и ги покани медиумите на друг настан, истакнувајќи дека скандирањето очигледно е политички мотивирано.
„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска.
По настанот со соопштение реагираше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, од каде обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирала навивачките групи, со цел да шири поделби на гробот на Гоце Делчев.
„Преку навивачки групи, ВМРО-ДПМЕ организира партиска пропаганда и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој Годе Делчев, кој животот го посвети на обединување на македонскиот народ. Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување, како и работата на медиумите“, велат од партијата.
СДСМ го повика Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и соодветно да ги казни групите бидејќи масовно се собрале спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

