Македонија
Се градат нови детски игралишта во Аеродром
Општина Аеродром почна со изградба на новите детски игралишта што ги најави неодамна на неколку локации низ општината.
Градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните работи во паркот „Нинрберг“ во Ново Лисиче, една од локациите каде што ќе се гради детско игралиште. Нови детски игралишта се градат уште на две локации, и тоа на ул. Методија Шаторов – Шарло зад градинката „Калинка“ во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“ меѓу трите кули.
„Овие активности се дел од проектот за уредување и реконструкција на сите детски игралишта на целата територија на општината и во насока на обезбедување безгрижна и безбедна детска игра“, изјави градоначалникот Марин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп
Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова е направено за речиси 84.000 евра собрани од донаторите. Преостанатата една третина е во сопственост на лице кое нема желба да ја продаде. Ова го соопштија бугарските медиуми БГНЕС и Нова ТВ.
Претходно, на 26 мај беше објавено дека се урнал дел од покривот на куќата на Талев.
Бугарската фондација информира дека сега треба да се изврши итна поправка на покривот, подготовка на план и тим за реконструкција и реставрација со експерти и градежници од Бугарија и Македонија, назначување на лице со трајна посветеност на одржување и стопанисување со куќата, пречекување луѓе и организирање настани во родното место на Димитар Талев во Прилеп, пишува БНР.бг.
Како што се пишуваше, одлука за стекнување на имотот од страна на бугарската држава била почната уште во јуни 2023 година, но само сопственичката на двете-третини од имотот се изјаснила дека сака да го продаде нејзиниот дел, а во 2023 година цената што таа ја побарала е 100.000 евра. Останатата една-третина е на друг сопственик, кој одбива да го продаде својот дел.
Во Бугарија, Талев се смета за еден од класичните бугарски автори од XX век.
Македонија
Од денес и за Македонците уште полесно до работа во Германија
Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ од денеска, 1. јуни ќе можат да аплицираат за „карта за шанси“ која им овозможува да дојдат во Германија и да бараат работа до една година.
Од „картата за шанси“ и проширување на Западнобалканско правило ќе профитираат и работниците од Македонија, пишува „Дојче Веле“.
„Картата за шанси“, која беше најавена пред две години, е наменета да ги пополни празнините на германскиот пазар на труд, особено во секторите инженеринг, информатичка технологија (ИТ) и здравство, каде има недостиг од дури 400.000 работници годишно.
„Со ‘картата за шанси’ луѓе со искуство и потенцијал можат побрзо и поедноставно да најдат соодветна работа“, истакна германската сојузна министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вчера во Берлин.
„Картата за шанси“ обезбедува привремена виза или работна дозвола, што им овозможува на оние кои ќе ја добијат да работат до 20 часа неделно или да стекнат двенеделно пробно работно искуство. Доколку работниците од земјите кои не се членки на ЕУ сакаат да работат со полно работно време, можат да аплицираат за продолжување на престојот доколку веќе имаат понуда за работа.
За да ја добијат картата, апликантите мора да зборуваат германски или англиски јазик и да имаат доказ за средства или плата доволни за покривање на трошоците за едногодишен престој во Германија.
За добивање на картата, кандидатите се бодуваат. Повеќе за начинот на бодување на ЛИНКОТ.
Македонија
(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово
На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово.
Мечката се обидува со своите младенчиња да се оддалечи во шумата, а објавеното видео кусо сведочи за сцената, пришто се гледа дека во близина имало луѓе кои се движеле пеш по патот.
Во последно време, голем број мечки беа забележани во реонот на Маврово, а лани најкритично беше во Жировница каде луѓето се жалеа дека мечките се обидуваат да им влезат во домовите барајќи храна.
Само што ми стигна од село Маврово
Паметен ја птестанав да одам
Шала на страна многу се накотија, и лани есента имаше проблеми, тек оваја ќе биде циркус
Треба контролирано намалување на број на мечки во националниот парк (врувам дека и на шара и пелистер е слично) pic.twitter.com/8znOlO1U4l
— Нешо (@nesosk) May 31, 2024
Владата, пред осум месеци на седница донесе повеќе мерки, меѓу кои во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката.
Со владините мерки, предвидена е и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.
Кафеавата мечка согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење.