Црна хроника
Кривична пријава за арачиновецот кој ја застрела сопругата
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Н. (40) од скопското село Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела убиство во вршење семејно насилство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На 29.4.2020 околу 12:45 часот, во семејниот дом на ул. 1 во Арачиново пријавениот, по претходна расправија со неговата сопруга Б.Н.(36) од пиштол испукал еден проектил кон неа, по што побегнал. Б.Н. била пренесена во здравствена установа во с.Арачиново, каде од лекар била констатирана смрт.
Околу 13:30 часот во близина на бензинска пумпа во с.Арачиново, пријавениот бил лишен од слобода од полициски службеници, при што кај него било пронајден и одземен пиштол „берета“ кал.7.65 мм, кој го поседувал без дозвола и рамка со осум куршуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

