Македонија
Заев на средба со амбасадорот Герберих: Со пријатели како Германија сигурни сме дека ќе успееме на нашиот пат кон ЕУ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оствари проштална средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјата, Томас Герберих.
На средбата Заев истакна дека е голема чест тоа што го имавме Герберих за амбасадор на нашиот голем пријател и партнер Германија во изминатите три години кога, како што рече, е постигнат голем напредок на сите полиња и достигнати се значајни успеси, кои ја променија сликата за државата и во државата.
„По само три години од доаѓањето на власт на СДСМ, државата стана 30-та членка на НАТО и доби одлука за почеток на преговорите за членство во Европската Унија по 15 години во чекалницата. Во овие три години се забележа видлив раст во економијата, видливо подобрување на заштитата на слободите и правата на граѓаните, подобрување во судството и во борбата против корупцијата, решавање долгогодишни спорови со соседите во интерес на сите. Во изминатите три години направивме многу, но свесни сме дека имаме уште многу напорна работа пред нас. Сепак, со пријатели како Германија сигурни сме дека ќе успееме во нашиот пат кон развој, напредок и членство во Европската Унија“, порача Заев.
Доказ за нашето цврсто пријателство во изминатите години беше и посетата на канцеларката Ангела Меркел на Скопје во септември 2018 година, како и неколкуте посети на претседателот Заев во Берлин по покана на канцеларката.
Заев се заблагодари на личниот ангажман на амбасадорот Герберих за сите овие успеси додавајќи дека нашиот народ многу ја цени помошта што Германија постојано ѝ ја дава на нашата држава, а особено затоа што помошта несебично продолжува и во денешните тешки услови, во услови на пандемија на вирусот Ковид-19.
Од страна на претседателот на СДСМ беше потенцирана можноста за уште поголема соработка на Северна Македонија и Германија во економијата и отворање уште повеќе можности за инвестирање на германските компании во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

