Македонија
Османи: Почетокот на преговорите оваа година целосно ќе ги стави во фокус европските интеграции
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари видеоконференциска средба со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија (ДГНЕАР), Кристијан Даниелсон. Фокусот на разговорот беше ставен на содржината на преговарачката рамка, како и на содржината на претстојниот извештај на Комисијата за напредокот на земјава, како и соработката со Унијата во справувањето со пандемијата и нејзините последици.
„Претставува голем успех и за Унијата и за Северна Македонија да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата. Дозволете, во името на Владата да пренесам благодарност до целата администрација на вашиот Директорат и, секако, до вас за упорноста и личниот ангажман во оваа насока“, изјави Османи на почетокот од разговорот упатувајќи задоволство и од остварената соработка со Унијата во справувањето со пандемијата и вклучувањето на Република Северна Македонија во сите активности и политики на Унијата за оваа цел.
„Очекуваме Комисијата да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец, која, заедно со извештајот, ќе претставува објективен и мериторен приказ на состојбите во земјата, како и за потребите на земјата за остварување суштински напредок кон членство во Европската Унија“, истакна Османи притоа ставајќи ги на располагање сите капацитети на земјава за придонес кон остварување на овие цели. „Наша амбиција е оваа година да ја одржиме и првата меѓувладина конференција и да го почнеме билатералниот скрининг, со што Република Северна Македонија во целосен капацитет ќе се посвети на преговорите со Унијата“, истакна Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

