Свет
СЗО: Испитајте ги вашите најрани случаи на заразени

Светската здравствена организација (СЗО) ги коментира наодите на француските научници дека првиот случај на коронавирус во таа земја бил забележан во декември, дури еден месец пред првиот официјален случај. СЗО ги повика сите држави да ги испитаат своите најрани случаи на коронавирус.
Болеста, подоцна наречена Ковид-19, првпат била пријавена од страна на кинеските власти во СЗО на 31 декември и засега се сметаше дека не се проширила во Европа пред јануари.
„Ова ни дава сосема нова слика за сè“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, на брифингот на ООН во Женева осврнувајќи се на откритието на Франција.
„Новосоздадената состојба го олеснува разбирањето на потенцијалната циркулација на вирусот“, додаде тој истакнувајќи дека претходните случаи на инфекција со коронавирус би можеле да бидат откриени со повторно тестирање примероци на пациенти.
Една француска болница ги повторила тестовите на пациенти што страдаат од пневмонија и открила дека еден заболен бил позитивен на коронавирусот уште од 27 декември.
Тоа е речиси еден месец пред француската влада да ги потврди првите официјални случаи на коронавирус.
Нема докази во овој момент дека вирусот се проширил од каде било, освен од Вухан. Наместо тоа, францускиот случај се смета дека е некако поврзан со личност што патувала од Кина за Франција во текот на декември, додава портпаролот на СЗО.
Сепак, францускиот пациент немал директна врска со Кина, па експертите детаљно го истражуваат случајот.
Линдмаер апелира до другите држави да ги проверат своите случаи на пневмонија или други, кои датираат од крајот на 2019 година, бидејќи може да даде нова и почиста слика за пандемијата.
На прашањето за потеклото на вирусот во Кина, Линдмаер рече дека е многу, многу важно да се истражи сето тоа.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД имаат докази оти новиот коронавирус е производ на лабораторија во Вухан и покрај тоа што научниците уверуваат дека станува збор за вирус од животинско потекло.
„Ова ќе бара дополнителни мисии во Кина и ние очекуваме нови истраги“, додаде Линдмаер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.