Македонија
АХВ уништила 85 тони небезбедна храна за три месеци
Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јануари до март годинава.
Како што информираат од АХВ, најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори согласно имплементираните ХАСАП-планови, додека инспекторите за храна и официјалните ветеринари уништиле 17.173 килограми храна.
„Од вкупно уништената небезбедна храна од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари во првиот квартал годинава, 277 килограми била храна од неживотинско, а остатокот од животинско потекло. Од почетокот на годинава до март инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 12.699 контроли и за утврдените недоследности (непочитување на препораките и мерките за справување со вирусот Ковид-19, но и оштетувања на работните површини, несоодветна примена на ХАСАП-процедурите и нередовно водење записи, неажурирани санитарни книшки на вработените, неусогласености во врска со хигиената во објектите, несоодветно означување на производите и оштетувања на разладните витрини…), изречени се 6 наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и 3 мерки едукација на операторите“, се наведува во соопштението.
За утврдените недоследности инспекторите донеле 851 решение за нивно отстранување, изрекле 13 парични казни за операторите со храна, спровеле 423 едукации и поднеле 5 прекршочни пријави.
Во првиот квартал од годинава нема ниту забранети ниту уништени небезбедни пратки од увоз. За извоз на храна од животинско потекло во првите три месеци од годинава издадени биле 566 сертификати, а за извоз на храна од неживотинско потекло 597 сертификати.
Почнувајќи од 16 март годинава, АХВ ги засили инспекциските контроли на целата територија во земјава согласно препораките на Комисијата за заразни болести и одлуките на Владата за преземање мерки за намалување на ризикот од ширење на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

