Свет
(Видео) Огромна експлозија во мексиканска хемиска фабрика
Најмалку седум единици на локалната противпожарна служба се распоредени на терен по огромната експлозија во хемиската фабрика во Гарсија, во државата Нуево Леон на североистокот од Мексико, пренесува РТ.
Фабриката за рециклирање на хемикалии преработува растворувачи и разни масла во индустрискиот дел во градот. И покрај огромната експлозија, за чудо сè уште нема потврдени повредени лица.
Protección Civil de Nuevo León Informa:#Incendio de fábrica al interior de una planta, se escuchan explosiones en Humberto Lobo 8112 y libramiento Parque Industrial Mitras, #García
Cuerpos de auxilio en el lugar.
Seguiremos informando. @nuevoleon pic.twitter.com/J2HRxcjZ1h— Protección Civil NL (@PC_NuevoLeon) May 7, 2020
Сè уште не се издадени наредби за евакуација иако од јавноста е побарано да ја избегнуваат областа, а воспоставен е и безбедносен кордон поради загриженоста за секундарни експлозии.
Сепак, жителите од населбата Бисентенарио масовно ги напуштија своите домови од страв од потенцијално ослободување токсичен гас.
@Mty_Leones @Vitorr_elbomber @LeydaEstradat @nelvaldez colonia mitras bicentenario pic.twitter.com/bhAmA9UZmO
— Nico capi Papito Sanchez (@emmetrece) May 7, 2020
Пријавени се повеќе секундарни експлозии, комплицирајќи ги напорите за пожарникарите во постројката бидејќи првичната експлозија се случила околу 9 часот навечер по локално време. Иако пожарот се прошири на соседниот празен плац, не се очекува да се шири понатаму.
Incendio en fábrica o bodega atrás de colonias Mitras Poniente y Bicentenario #García pic.twitter.com/s0QU5k4CQV
— Polly ? (@blutgirl) May 7, 2020
Видеа на очевидци од местото на настанот ја покажуваат големината на пожарот и густиот црн чад што сега прекрива делови од градското подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

