Забава
Македонските лото-играчи најмногу играат броеви во низа
Во вчерашното коло, 36-то по ред во оваа година, се радувавме на вкупно 166 (сто шеесет и шест) постигнати 6-ки.
Во над 1 000 извлекувања на лото-игрите на среќа во организација на Државна лотарија, од 3 мај 2010 г. досега, топчињата ни приредија безброј изненадувања. Едно од најитересните се случи токму вчера. Во тек на извлекувањето беа извлечени дури шест едноцифрени броеви и еден двоцифрен: 7, 6, 3, 2, 30, 4 и 5. Подредената добитна комбинација на екранот изгледаше вака: 2, 3, 4, 5, 6, 7, 30.
Од вкупно 166 (сто шеесет и шест) 6-ки, 11 (единаесет) се на добитници коишто играле на интерент-платформата на Државна лотарија, а останатите 155 (сто педесет и пет) 6-ки, се уплатени преку терминалите на продажни места ширум нашата земја.
Списокот на добитници на 6-ки уплатени преку термнинали на уплатно-исплатни места, по градови/населени места, изгледа вака: Скопје (43), Битола (7), Велес (6), Тетово (6), Кичево (6), Штип (5), Струмица (5), Охрид (5), Струга (4), Кавадарци (4), Неготино (4), Гостивар (3), Прилеп (3), Кочани (2), Делчево (2), Радовиш ( 2) Ново Село (2), Гевгелија (2), Ресен (2), Македонски Брод (1), Куманово (1) Крива Паланка (1), Чашка (1), Негорци (1), Пробиштип (1), Свети Николе (1), Пехчево (1) и Берово (1).
Вкупниот фонд за категоријата 6-ка, во коло 36 изнесуваше 342.864,70 денари, што поделено на 166 значи дека секоја поединечна 6-ка носи по 2.065,45 денари. Дел од нашите добитници освоиле и повеќе од една 6-ка, но и 5-ки и четворки коишто им ја зголемуваат вкупната добивка.
Од онлајн учесници освоени се 11 (единаесет) 6-ки, но и 30 (триесет) 5-ки и 304 (триста и четири) 4-ки, што досега е најголемиот број погодоци постигнат од страна на онлајн играчи на Лото 7.
Дел од нашите онлајн играчи добиле 6-ки користејќи ги придобивките од кампањата „300+100“ преку освоениот Бонус –промо ваучер.
Лото играчите коишто уплаќаа преку терминалите на уплатно-исплатни места ширум нашата земја, постигнаа вкупно 155 (сто педесет и пет) 6-ки, 247 (двесте четириесет и седум) 5-ки и 2.638 (две илјади шестотини триесет и осум) 4-ки.
По однос на системска игра, имаме повеќе примери на игра на скратени и полни системи. Меѓу примерите и една уплата реализарана во Детелинка – Кичево каде што е одигран полн систем од 8 броеви (вкупно 160 денари) и 1 Џокер од 20 денари и на него има 2 добивки со 6 погодоци и 6 добивки со 5 погодоци. Еден од примерите на скратен систем е одигран во уплатно место Толлакс Медиа Бисер Скопје, каде што играчот одиграл скратен систем – реден број 9 со 21 одиграни броеви (вкупна уплата од 800 денари) и има 1 добивка со 6 погодоци.
Очигледно е дека броевите во низа, што беа извлечени во коло 36 од играта на среќа Лото 7, внесоа голема возбуда и ни потврдија дека најголем дел од нашите играчи во своите омилени комбинации играат броеви во низа .
Фондот за седумка за наредното коло 37, изнесува близу 27.000.000 денари.
За онлајн играчите е актуелна кампањата „300+100“ за добивање Бонус-промо ваучер, а воедно ги покануваме сите играчи, да се вклучат во игра преку нашатa веб-страница за онлајн учество во игрите Лото 7 и Џокер www.loto.mk. За сите информации, на располагање е нашиот контакт-центар на броевите 02 323 7777 и вибер-бројот 076 313 052.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

