Македонија
Османи: Ќе му помогнеме на Институтот за јавно здравје во зголемувањето на капацитетот за тестирање
Секретаријатот за европски прашања ќе му помогне на Институтот за јавно здравје во зголемувањето на капацитетот за тестирање, со цел побрзо олеснување на рестриктивните мерки, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска го посети Институтот.
Тој ја оцени како исклучително добра работата на Институтот во борбата против пандемијата и рече дека при денешната посета станало збор за зголемување на капацитетите и подобрување на условите за работа во овој Институт.
„Разговаравме за капацитетите за тестирање и што може Секретаријатот за европски прашања, покрај обезбедената една дополнителна PC-машина и 5 илјади теста преку Агенцијата за атомска енергија за дополнително зголемување на капацитетите бидејќи потребата за зголемување на капацитетите за тестирање ќе биде исклучително важна сега во услови кога Владата веќе разговара за пакет-олеснителни мерки, односно за замена на рестриктивните мерки со меки бидејќи особено во вакви услови ќе треба капацитет за тестирање, детектирање и изолирање на сите случаи, со цел спречување на повторно проширување на болеста“, рече Османи.
Вицепремиерот бил информиран за денешното зголемување на бројот на позитивните случаи во споредба со претходните денови. Сепак, како што рече Османи, време е за внимателно заменување на цврстите со меки мерки.
„Разговаравме и со епидемиолозите и вирусолозите и за изборите и изборниот процес, како тие го предвидуваат, т.е. го гледат тој процес. Нивен став е дека во услови кога и да се одржат изборите, ќе треба да се одржи физичката дистанца со заштитна опрема, односно маска итн. и врз основа на тие критериуми, сепак, политичарите треба да донесат одлука дали и кога е можно да се одржат избори имајќи ги предвид овие критериуми што ќе ги утврди Комисијата за заразни болести. Нашиот став останува дека Комисијата треба да каже дали изборниот процес го загрозува или може евентуално да го загрози индивидуалното или колективното здравје на граѓаните и дека политичките одлуки треба, единствено да е засноваат на одлуките на епидемиолозите, односно на професионалните одлуки на Комисијата за заразни болести“, истакна Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

