Македонија
(Видео) Николов: Потребно е системско и планско тестирање
Потребно е системско и планско тестирање, за да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата, порача Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека за два дена во Србија биле направени над 10 илјади тестови за корона, а во Македонија тој број за два дена е само 400. Колку за илустрација, вели Николов, вчерашната статистика говори дека се направени 332 тестирања, а бројката на заболени е 33. Тоа е 10 проценти од вкупната бројка на тестирани.
„Она што исто така загрижува е и бројката на новозаболени здравствени лица, поточно медицински персонал. Многу е јасно како може да се стави ситуацијата под контрола, процесот за тоа е јасен – потребно е да се зголеми бројот на тестирања. Само така ќе знаеме како понатаму. Само така ќе знаеме како понатаму. Сите соседни земји го зголемуваат бројот на дневно направени тестови, ги тестираат ризичните групи. Внимавајте, кај нас ова е само во фаза на најава?! Како без ова мислат да прават стратегија за тоа како понатаму? Без системски пристап, без вистинско и планско тестирање, тука мислам и на лица од ризичините групи, нема да може да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата“, рече Николов.
Според него, без ваков пристап тешко е да се направи соодветна стратегија за тоа како понатаму. Без ваков пристап нема ни соодветна здравствена политика, заклучи Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.