Свет
Ноќните клубови нови жаришта на коронавирус во Јужна Кореја
Здравството на Јужна Кореја забележува мал, но зголемен број на случаи на коронавирус поврзани со неколку ноќни клубови во главниот град, во време кога државата се подготвува да ги олесни дополнителните рестриктивни мерки.
Најмалку 15 случаи на инфекција се поврзани со клубови во Итаевон, сеулски кварт популарен кај Корејците и туристите, соопшти во петокот Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC).
Јужна Кореја во последните денови бележи мал број инфекции, при што повеќето случаи пристигнуваат од странство. Но, се очекува да се зголеми бројот на заразени во ноќните клубови.
„Овие објекти ги имаат сите опасни услови што најмногу нè загрижуваат“, рече директорката на KCDC, Jeонг Еун-кјонг, осврнувајќи се на навалицата и лошата вентилација.
„Веруваме дека е неопходно да се подобри управувањето со тие објекти и ве повикуваме да ги посетувате колку што е можно помалку“, им рече таа на Корејците.
Владата на Јужна Кореја планира мерка со која ќе бара ноќните клубови и кафулиња доброволно да прекинат со работа еден месец поради новите жаришта, рече Јун Тае-хо, државен службеник за јавно здравје.
Ако тие места останат отворени, ќе мора посилно да ги следат упатствата за превенција од инфекција, додаде Јун.
Сите посетители на ноќниот клуб мора да носат маски, да одржуваат растојание од најмалку еден метар, а баровите мора да ги запишат нивните имиња.
Градските власти во Сеул објавија дека имаат список од 1.500 луѓе кои ги посетувале клубовите и ги повикаа сите што го сториле тоа за време на викендот да се тестираат и самоизолираат 14 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

