Македонија
(Видео) СДСМ и коалицијата предлагаат изборите да се одржат на средината на јуни

СДСМ и коалицијата предлагаат изборите да се одржат на 14 јуни, изјави на прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по состанокот со коалиционите партнери.
Ставот на коалицијата ќе биде предложен на лидерската средба кај претседателот, Стево Пендаровски, во вторник кога се очекува да биде утврден датумот за одржување на парламентарните избори.
Првиот човек на СДСМ вели дека потребни се кредибилни институции со полн капацитет за справување со кризата.
„Веќе втор месец сме во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци имаме техничка влада, 3 месеци е распуштено Собранието. Потребни се Собрание и Влада за да преземат конкретни чекори пред се во надминување на економската криза. Со тоа, сѐ повеќе се наметнува потребата од одржување ана парламентарните избори“, рече Заев.
Заев образложи дека во ситуација кога интензитетот на кризата се намалува, изборите треба да се одржат, бидејќи во такви услови нема загрозување на здравјето на граѓаните. Тој рече дека на државата и се потребни избори, веднаш штом се создадат услови за нивно одржување, а во моментов охрабрува тоа што мисијата на ОДХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи, а и други држави не случајно одат на избори во овој период.
Елена Тарчуговска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.