Соопштенија
(Видео) Арсовски: Зоран Заев е првата виолина во случајот „Рекет“

Молкот од СДСМ и Зоран Заев за случајот „Рекет“ е уште една потврда дека Зоран Заев е таканаречена прва виолина во целиот случај „Рекет“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Рекетарската власт на СДСМ и Зоран Заев сè уште не одговори зошто Зоран Заев молчел од 3 април кога го предупредил Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека против него се води постапка од странски обвинител, па Заев молчел сè до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај другарка му Русковска. Да потсетиме на еден факт, а тоа е дека никаде не стои официјален запис оти Зоран Заев го пријавил случајот ‘Рекет’. Секојдневно сè повеќе се заплеткува Зоран Заев во сопствените лаги и тоне надолу“, рече тој.
Арсовски обвини дека Заев им оставил дваесет дена простор на извршителите на рекетот да се погрижат да прикриваат докази, да губат телефони, да влијаат врз сведоци.
„Постои сомнеж дека целиот тој период можно е и извршителите на рекетот да биле во директна корелација со Зоран Заев и дослух во целата операција за подготвување на оваа судска фарса од случај, која ја води другарката на Зоран Заев, Вилма Русковска, на крајно аматерски начин“, рече тој.
ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и ЈО да ги вештачат уште веднаш мобилните апарати на инволвираните, а ЈО, како што рече Арсовски, иако е под канџите на Зоран Заев, да се разбуди, да не спие и веднаш да отвори случај против Зоран Заев за сторено кривично дело – прикривање и помагање во сторување кривично дело.
„А понатаму, како што се размотува целото клопче за случајот ‘Рекет’, сигурно ќе се стигне и до тоа дека Зоран Заев е нараччател. Зоран Заев е уценет човек и, најважно, заглавен до гуша. Тој мора да си оди од политиката“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница.
И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и парични награди. Продолжувајќи ја традицијата, оваа година признанието „Најдобар рудар“ му беше доделено на Дарко Велиновски, кој во оваа прилика доби и посебна парична награда и пригоден подарок. Покрај најдобриот рудар, раководството на САСА додели парични награди и на вкупно 121 вработен. Од нив, 16 вработени добија парична награда за придонес кон безбедноста при работа и заштитата на животната средина, а на 105 вработени им се доделени парични награди за нивниот особен придонес при остварување на безбедно и стабилно производство.
Како дел од активностите по повод празникот, рудникот САСА, преку својата Фондација, обезбеди и финансиска поддршка за реализацијата на две приоритетни потреби на локалната заедница. Имено, на припадниците на територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица им беа донирани комплети заштитна опрема, целосно усогласени со стандардите за безбедност. Исто така, инвестирани се и средства за целосна реконструкција на дел од санитарните јазли во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, со што значително се подобрени условите за децата кои престојуваат во оваа установа.
„Нашите вработени се срцето на САСА. Нивната посветеност, стручност и безбедно извршување на работните задачи се клучни за успешното работење на рудникот. Овие награди, што им ги доделуваме по повод Денот на рударите, се само симболично признание за нивниот секојдневен труд. Во исто време, силно веруваме дека развојот на САСА е нераскинливо поврзан со напредокот на заедницата во која работиме, па затоа и понатаму ќе продолжиме со посветена поддршка за општината и нејзините граѓани“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн, честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА и на целата домашна рударска индустрија, како и празникот на сите жители на општината Македонска Каменица, посакувајќи им добро здравје и многу успех на сите полиња.
Инаку, традиционално, Рудник САСА и оваа година е главен покровител и партнер на сите активности што се организираат во локалната заедница, меѓу кои и на централната тридневна културно-музичка програма што се одржува на градскиот плоштад, по повод Денот на рударите и празникот на општината Македонска Каменица.
(ПР)
Соопштенија
Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

Во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) остварија работна посета на „Алкалоид“.
Целта на посетата, трета од ваков тип, е запознавање на различни тимови млади лидери со условите и со начинот на работа во најуспешните македонски приватни компании.
За време на посетата, гостинската работна група, предводена од алкалоидовиот тим на чело со Генералниот директор и Претседател на УО Живко Мукаетов, имаше можност одблизу да се запознае со постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои континуирано ги реализира компанијата низ годините, извозните операции, како и со континуираните проекти за општествена одговорност во корпоративната агенда на „Алкалоид“.
Дневниот ред на работната средба опфати и обиколка на компаниските производствени капацитети во сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој. Посебен акцент беше ставен на деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ АД Скопје во 2005 година основаше своја подружница во Њу Олбани, Охајо.
Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детска козметика од брендот Becutan, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.
Членовите на делегацијата, меѓу кои г. Нејтан Алонзо, г-ѓа Тори Мaри Блу, г-ѓа Кeси Чејмберс Армстронг, г. Томи Чој, г. Тимоти Регланд, г. Едвард Штокхаузен и г-ѓа Џесика Страм, го истакнаа своето задоволство од постигнувањата и од глобалната позиционираност на „Алкалоид“, особено во сегментот на деловните активности на компанијата на американскиот пазар.
Од своето основање во 1966 година, ACYPL, преку бројни програми за размена, им овозможува на своите членови да развијат глобална политичка и бизнис-перспектива и да изградат значајни меѓународни партнерства.
Досега, со континуирана поддршка од американскиот Стејт департмент и од бројни партнери, над 9.200 лидери од САД и од уште 137 земји низ светот зеле учество во инспиративните програми за размена на оваа интернационална мрежа.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донираа апарат наменет за лица со нарушување од аутистичниот спектар

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и намалувањето на симптомите и предизвиците поврзани со аутизмот.
Директорката на Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација Нермин Теловска истакна дека оваа донација е од огромна важност бидејќи апаратот освен во директната работа со лицата со нарушување од аутистичниот спектар и бенефитите кои ги нуди, има напреден и современ софтвер и одлични функции за собирање и разработување на податоци кои ќе овозможат и истражувања и донесување на одлуки и протоколи базирани на податоци.
Оваа активност е директен резултат на трката со хуманитарен карактер „Зегин Спектратон-Трка на херои во сите бои“ која ја реализира Фондацијата д-р Верица Механџиска заедно со Зегин каде граѓаните преку трчање и спортски активности испраќаат моќна порака за еднаквост, солидарност и емпатија и со своите котизации поддржуваат создавање на инклузивно општество и позитивни промени за заедницата. Трката, која прераснува во традиционален настан, оваа година беше повод граѓаните да трчаат и да донираат за 4 активности, кои освен веќе-споменатиот апарат TMS M50 Ultimate, предвидуваат и опремување на сензорна соба во Здружението Рубико во Кочани, реновирање и доопремување на просториите во одделот за психофизиологија при Клиника за детски болести каде се нуди специјализирана грижа и третмани за децата со нарушување од аутистичниот спектар, како и бесплатна програма за рана проценка за нарушување од аутистичниот спектар која ќе ја спроведе Здружението Сина светулка.
Предвидените активности се доказ дека заедно можеме многу и со вклучување на сите хумани поединци и компании можеме да придонесеме кон создавање на позитивни примери и вредности за заедницата во целост.
(ПР)