Регион
(Видео) Во Црна Гора приведен владика и свештеници на СПЦ поради организирање литија

Црногорската полиција синоќа ги повикала на сослушување во Никшиќ епископот на СПЦ, Јоаникие, и уште седум свештеници за организирање литија – молитвена поворка на свештеници и граѓани, со што е прекршена забраната на црногорската влада за собири поради епидемијата на коронавирусот.
Додека свештениците давале изјава во полициската станица во Никшиќ, неколку стотици граѓани се собрале пред зградата пеејќи црковни песни и песни за Косово извикувајќи: „Нема да ги даваме светилишта“ и „Не го даваме владиката“ додека пред нив стоеле полицајците со полна опрема.
Според црногорските медиуми, владиката Јоаникие, инаку еден од најблиските соработници на митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохие, им се обратил на насобраните пред да влезе во полициската станица и ги замолил да си заминати да не ги навредуваат полицајците.
Амфилохие и Јоаникие ја водеа традиционалната литија на улиците на Никшиќ по повод денот на свети Василие Острошки, на која присуствуваа неколку илјади граѓани. Молитвата, според митрополитот на Српската православна црква, требало да се одржи во црквата, но кога виделе колку верници се собрале, не можеле да се откажат од литијата.
Молитвена подршка са Косова и Метохије нашем Владики Јоаникију и свештеницима које је ноћас привела полиција Ђукановићевог режима. Сви смо са вама.
Уживо из Никшића:https://t.co/bnLnohUesB
— Манастир Дечани – Dečani Monastery (@DecaniManastir) May 12, 2020
Директорот на црногорската полициска, Веселин Вељовиќ, вели дека Српската православна црква ја прекршила одредбата со која се забрануваат верски собири и тој им се заканил на организаторите дека ќе бидат гонети.
„Секој што не се придржуваше до договорот и ветувањата што ѝ ги дадоа на полицијата, ќе сноси одговорност и последици што произлегувата од тоа“, објави Вељовиќ на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин