Македонија
ДОМ: Управниот суд да ја објави пресудата за „Иловица“
Зелената партија ДОМ изрази загриженост по објавувањето на информацијата дека Управниот суд донел пресуда во полза на компанијата „Еуромакс рисорсис“ на 31 март оваа година среде пандемија и вонредна состојба. Со неа, велат од ДОМ, се поништува одлуката од второстепената владина комисија за одбивање дозвола за експлоатација на рудникот „Иловица“.
„Ја побаравме пресудата на официјалната страна на Управниот суд за да дознаеме врз база на какви аргументи е поништена една правнички чиста одлука, која беше основа и за одземање на концесијата од страна на Владата. Но, пресудата не можевме да ја најдеме. Ќе ја побараме по официјален пат повикувајќи се на Законот за пристап до информациите од јавен карактер“, велат од ДОМ.
Од партијата прашуваат дали Управниот суд ја крие пресудата за рудникот „Иловица“ и зошто?
„Доколку е така, ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи по допрен глас и да се заинтересира дали се крие корупција зад ваква скандалозна пресуда и кој сè е вклучен во неа“, се наведува во соопштението.
Здружението „Здрава котлина“ од Струмица објави дека на 31 март Управниот суд донел одлука да се прифати жалбата на „Еуромакс“ против второстепената комисија и да се поништи одлуката за одбивање на жалбата.
„Со оглед на воведувањето на вонредната состојба во Македонија сите рокови за жалби се паузирани додека трае вонредната состојба и дури по укинувањето на вонредната состојба судскиот случај ќе продолжи за конечна разрешница“, велат активистите.
Второстепената комисија за одлучување во управна постапка ја одби жалбата на компанијата „Еуромакс рисорсис“ поднесена по одлуката на Владата од јули лани за одбивање на барањето за експлоатација на металични минерални суровини на концесискиот простор на планината Огражден.
Фирмата поднесе тужба до Управниот суд против решението од второстепената државна комисија.
Владата во јули го одби барањето на „Еуромакс“ за издавање дозвола за рудникот со образложение дека компанијата не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

