Црна хроника
Автобусот се запалил поради краток спој на електричната инсталација

Aвтобусот што утринава се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линијата 45. На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.
Од ЈСП иформираат дека, за среќа, нема повредени патници, ни околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.
„Увид направи и внатрешната контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгасне огнот, но тој бргу почнал да се шири. Во меѓувреме, на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира. Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТВ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.