Контакт

Регион

Обемни тестирања во централна Грција поради зголемeниот број заболени од коронавирус

Објавено пред

Во централна Грција почна акција на обемно тестирање и пребарување контакти бидејќи е откриена епидемија на зараза од коронавирус, соопштија претставници на здравствената и социјалната заштита.

dobivaj vesti na viber

Последователни инфекции се регистрирани во ромската населба во градот Лариса, а вчера се регистрирани десет новозаболени лица, вклучувајќи и седум члена од исто семејство.

Локалната епидемија ги принуди надлежните да спроведат план со кој ќе се спроведат широко повторено тестирање во три фази, првите тестови ќе бидат направени денес, кои потоа ќе се повторат на седмиот и на 14. ден.

Позитивните случаи ќе доведат до затворање градски блокови и населби или заразените ќе бидат пренесени во карантин на медицинскиот центар, рече локален здравствен службеник.

Грција воведе строги мерки за блокада во почетната фаза на појава на епидемија благодарение на што бројот на починати од коронавирус во таа земја е многу мал. Како резултат на коронавирусот починале 152 лица, вкупно 2.744 биле заразени, а 32 лица се на респиратори.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Силен земјотрес во Грција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.

Во близина е островот Закинтос.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Објавено пред

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта, подруми и ниви, јавија денеска словенечките медиуми.

dobivaj vesti na viber

Противпожарните служби евакуирале 30 лица откако одрон го блокирал патот во градот Лепена, јавува агенцијата СТА.

Едно лице е повредено при отстранување на паднато дрво во општина Толмин.

Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека пожарникарите цела ноќ ја испумпувале водата од подрумите и ги отстранувале паднатите дрвја од коловозите.

Во западните делови на земјата врнежите се ослабени од четвртокот навечер, а невремето денеска го зафати и источниот дел на Словенија.

Најголемо количество врнежи се регистрирани во Бохињ и Посочје, објави порталот Метеоинфо.

Рекордни врнежи за Словенија се забележани во Вогел кај езерото Бохињ, при што за 24 часа наврнале 378 литри дожд на метар квадратен.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Работите во светот не одат во добра насока, Косово е многу комплициран јазол

Објавено пред

Работите во светот „не одат во добра насока“, оцени денеска во Њујорк српскиот претседател Александар Вучиќ на крајот од шестдневниот престој во САД по повод заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

„Единствената суштинска вест овде е Блискиот Исток“, изјави тој за РТС.

„Блискиот исток го јаде американското внимание, не сум сигурен дека тоа е добра вест за Украина. Европа прави се за да ја запре таа војна“, рече Вучиќ и нагласи дека приоритет мора да биде прекинот на конфликтот во Украина.

Тој рече дека имал повеќе разговори на тема политика и економија и оти „за првпат биле остварени важни контакти“ за економски напредок на Србија.

Вучиќ рече дека „ситуацијата во рударството и енергетиката“ во Србија ќе мора да се подобри бидејќи „лошо им оди“, додека „индустриското производство добро расте, производството расте, но потребни се повеќе инвеститори“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека „немал лесни разговори“ за Косово и дека не може да зборува за деталите од средбите.

„Тоа е многу комплициран јазол. Мораме да го зачуваме мирот, да ги зачуваме животите, опстанокот и напредокот на нашето население на Косово, зачувувајќи ја правната и политичката државност на Србија и интересите на сите граѓани на Србија“, изјавил Вучиќ.

„Ќе се погрижиме да не направиме ниту една грешка, никој да не може нам ништо да ни забележи и да се зголемува силата на нашата економија и да се зголемува нашата поддршка за нашиот народ на Косово“, заклучил Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут

Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток! 🕑 17:25 Нов израелски воздушен напад во областа Дахије во...

Македонија53 минути

Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата. Утре под...

Свет3 часа

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд...

Регион5 часа

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта,...

Економија5 часа

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...

Македонија6 часа

(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и...

Македонија7 часа

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во...

Македонија7 часа

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба...

Свет7 часа

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Во објава на X, израелската армија ИДФ соопшти дека...

Свет9 часа

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...

Свет9 часа

(Фото+видео) Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти...

Македонија1 ден

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија1 ден

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија1 ден

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија1 ден

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија1 ден

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија1 ден

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откога ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија1 ден

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...