Свет
Вработена во лондонската железница починала од Ковид-19 бидејќи заразен човек ја плукнал в лице
Една 47-годишна вработена во лондонската железница починала неколку недели откако човек, кој тврдел дека е заразен со коронавирус, ја плукнал и кашлал кон неа додека работела на железничката станица во Лондон, пренесува „Брејтбарт“.
На 22 март, Бели Муџинга, вработена во билетарницата, била нападната заедно со својата колешка од страна на еден маж додека биле на должност во станицата „Викторија“ во Лондон. Двете жени добиле симптоми на коронавирус неколку дена по нападот.
Опишувајќи го грозоморниот напад, нејзиниот сопруг Лусамба Годе Каталај изјави за ИТВ:
„Човекот ја праша што прави, зошто е таму, а таа му рекла дека работи. Човекот им кажал дека е заразен со вирусот и ги плукнал. Тие го пријавиле кај својот претпоставен. Бели се врати дома и ми раскажа сè“.
Муџинга била хоспитализирана на 2 април и ставена на респиратор, но починала три дена подоцна. Нејзиниот сопруг изјавил дека таа имала хронични проблеми со респираторниот систем пред да се зарази со вирусот и операција четири години претходно. Каталеј последен пат ја видел сопругата дента кога била хоспитализирана.
Британската полиција соопшти дека отвориле кривична истрага за инцидентот.
Синдкатот, пак, иницира прашање зошто Муџинга воопшто работел на железничката станица со нејзините здравствени проблеми и посочи дека размислуваат да преземат правни дејства и за ова прашање.
„Како ранлива личност во ризична категорија и со нејзината здравствена состојба, која му била позната на нејзиниот работодавец, постојат прашања зошто таа не била повлечена од првите редови во оваа пандемија. Наместо да зборуваме за олеснување на изолацијата, владата најпрвин мора да преземе соодветни мерки на претпазливост и заштита за да не бидат загубени повеќе животи“, вели Мануел Кортес од ТСАА.
Коментирајќи го трагичниот напад, портпаролот на премиерот Борис Џонсон рече:
„Одвратно е клучен работник да биде нападнат на овој начин додека ѝ служи на јавноста“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

