Забава
Ријана бр. 3 на листата со најбогати музичари во Британија
Пејачката Ријана дебитира на трето место на листата на најбогати музичари во Велика Британија што ја составува „Сандеј тајмс“ (Sunday Times Rich List).
Богатството на Ријана списанието го проценило на 468 милиони фунти (810 милиони долари), делумно благодарение на успехот на нејзината модни и козметички брендови со сопственикот на „Луј Витон“ – LVMH.
Поп-ѕвездата (32), родена во Барбадос, а сега живее во Лондон, ги прескокна некои од најпознатите британски музичари, како Мик Џегер и Кит Ричардс од „Ролинг стоунс“, Елтон Џон, Род Стјуарт, на листата со0 најбогатите музичари во Британија.
Композиторот Ендрју Лојд Вебер и поранешниот „битлс“, Пол Мекартни, се на врвот на листата со 800 милиони фунти секој.
Позната по својот одважен, живописен изглед на црвениот тепих, Ријана станува сè повеќе влијателна сила во светот на модата, како и во музиката, со осум хит-албуми, оценува списанието.

“Ријана ја карактеризира сеизмичката промена што ја видовме во листата на најбогати во последната година“.

Ед Ширан е на врвот на најбогатите млади музичари во Велика Британија (на возраст од или до 30 години), со богатство од 200 милиони фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

