Македонија
(Видео) Лефков: Поткуп и притисоци во Кочани од страна на СДСМ
„Повеќе од очигледно е дека Општинската организација на СДСМ во Кочани преку нивната кандидатка прават најгруба повреда на изборниот процес, и тоа на директна штета на демократијата.. Имено, ја искористуваат општата социјална состојба и сиромаштијата, за да влијаат врз остварување на правото на глас и во Кочани нескриено и без срам делат поткуп“, изјави Миле Лефков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.
Според него, со кривично дело „поткуп при избори и гласање” направено е инкриминирање и на активното поткупување кое се состои во нудење, давање или ветување подарок или друга лична корист на лице со избирачко право, со намера да се придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла.
„Токму тоа што е опишано во кривичното дело се случува пред очите на кочанската јавност, имено Директорката на ФЗО Кочани и кандидат за пратеник од СДСМ Марија Ангелова, деновиве дели брашно и зејтин на гласачи во Кочани. Дополнително СДСМ прават списоци за гласање со тоа што ги лажат граѓаните од социјално ранливите групи и им ветуваат дека ќе добијат помош ако се запишат на нивните “списоци”.
За бедата да биде поголема, ОО на СДСМ во текот на вчерашниот ден, започна и платена кампања на ФБ со сликите на кои директорката дели помош. Што значи СДСМ плаќаат пари, за граѓаните да ги видат сликите како се дели помош на сиромашните.Додека цела држава и граѓаните се борат со пандемијата, тие успеаа борбата со пандемијата да ја претворат во партиска кампања и изговор за делење на партиски поткуп и за правење списоци.Сега кога од СДСМ гледаат дека им претстои дебакл, се обидуваат со очајни методи да го ублажат огромниот поразот кој им престои токму овде во Кочани. Ама тука им е веќе крајот и за ваквите постапки одговорност ќе има“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ
„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ.
„Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната седницата.
Додека работниците протестираа пред македонското Собрание, внатре во собраниската сала беа понижени од пратениците на тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ
Затоа, во знак на протест пратениците на СДСМ ја науштија седницата.
Барањата на претставниците на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра или 36.960 денари се реални и издржани. Во буџетот има пари, само со пренамена на две категории се обезбедуваат 200 милиони евра, доволно да им се излезе во пресрет на работниците.
Но, владата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците.
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

