Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени во близина на крајбрежјето на Калифорнија

Моќен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди регинот на 252 км западно од Ферндејле, Калифорнија, објави US Geological Survey утринава, пренесува „Сјинхуа“.
Сеизмичката активност е регистрирана во океанот на длабочина од 10 километри. Нема извештаи за предизвикана штета или жртви. Нема издадено предупредување за цунами во врска со потресот.
На земјотресот му претходеше помалку моќен потрес, со јачина од 4,7 степени, со епицентар на 255 км западно од Ферндејле, сношти, на длабочина од 10 км.
Бидејќи Калифорнија лежи на раседот Сан Андреас, државата честопати е погодена од земјотреси, некои помоќни од другите во зависност од количината наталожен притисок по тектонските плочи.
Во јули минатата година Калифорнија беше потресена од голем земјотрес со јачина од 7,1 степени, што предизвика штета на зградите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Сомнителен пожар повреди пет лица, три сериозно

Пет лица се повредени, од кои три потешко, во сомнителен пожар што вчера избувна во ресторанот „Индијан Арома“ во Илфорд, во близина на Лондон, соопшти полицијата.
Три жени и двајца мажи беа пренесени во болница, а три од нив се со животозагрозувачки повреди, додека останатите две се надвор од непосредна опасност.
„Дел од приземјето на ресторанот беше тешко оштетен, но девет лица успеаја да избегаат од запалените простории“, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LFB).
Главниот инспектор Марк Роџерс од Одделот за специјални кривични дела на полицијата во Северен Лондон изјави:
„Пожарот беше изгаснат до 22:32 часот. Разбираме дека овој инцидент ќе предизвика загриженост во локалната заедница. Тим детективи работи со полно работно време за да го истражи овој инцидент. Во моментов нема апсења.“
Полицијата нагласува дека причините за пожарот сè уште се предмет на истрага и дека ќе бидат преземени сите мерки за откривање на сторителот.
Свет
(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска правда“.
Нападот врз возилото на генералот се случил пред една недела, на пет километри од градот Риљск во Курската област, длабоко на руска територија. Целта било возило во кое се наоѓал Абачев, заменик-командант на руската група на сили „Север“.
По нападот, генералот бил итно префрлен во Москва, каде што наводно му се ампутирани раката и ногата поради сериозноста на повредите.
Рыльский р-н, КурНР, трасса Рыльск-Хомутовка (на границе с БрНР), 16/08/25: весёлая дорогаhttps://t.co/0kBKz0OWqQ #RussianUkrainianWar pic.twitter.com/IgPXfPtaBa
— Necro Mancer (@666_mancer) August 16, 2025
Во соопштението на Силите за специјални операции се наведува дека украинското обвинителство уште во 2023 година поднело обвинение против Абачев. Првата вест за нападот ја објавила Одбранбената разузнавачка служба на Украина, која истакнува дека украинските единици погодиле руски конвој на автопатот Рилск-Хомутовка.
Абачев е ветеран на бројни воени операции предводени од Кремљ. Дипломирал на Високата тенковска командна школа во Харков во 1989 година, а неговата кариера вклучува учество во конфликтите во Ерменија и Азербејџан, Втората чеченска војна, руската инвазија на Грузија во 2008 година и воена кампања во Сирија. За секој од овие подвизи, му бил доделен Орден за храброст од рускиот претседател Владимир Путин.
The commander of the 2nd Army Corps, Esedulla Abachev, was wounded on the night of August 16-17, when the Ukrainian Armed Forces attacked a column of the Armed Forces of the Russian Federation on the road Rylsk — Khomutovka in the Kursk region, intelligence of Ukraine. pic.twitter.com/wLAvLk3ZMK
— big ben (@alternative_war) August 17, 2025
Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Абачев командувал со Вториот армиски корпус на таканаречената „Луганска Народна Република“. Украинската страна го поврзува со воени злосторства против цивили во Лисичанск.
Свет
Полската јавност е против учество на војската во Украина

Мнозинството Полјаци се против учество на своите војници во мултинационални мировни сили во Украина, покажува најновата анкета на агенцијата „SW Research“, објавена од полскиот весник „Република“.
Според резултатите, 61,1% од испитаниците се против евентуалното распоредување, додека 17,3% се за, а 21,6% се неодлучни. Анкетата покажува дека мажите, младите и жителите на градовите се повеќе против учество, додека поддршка за таков чекор се забележува кај постарите лица и жителите на руралните средини.
Во Европа веќе неколку месеци се води дебата за можноста за распоредување мировни сили во Украина, доколку се постигне прекин на огнот. Полскиот премиер Доналд Туск, сепак, ја исклучи опцијата за директно воено учество, но понуди логистичка и политичка поддршка за Украина.
Полска има заедничка граница со Украина долга над 500 километри и е една од најголемите земји приматели на украински бегалци. Според УНХЦР, во јули во Полска беа регистрирани околу еден милион украински бегалци, веднаш по Германија со 1,2 милиони.
Анкетата ја илустрира јасната резистенција на полската јавност кон воена интервенција, и истовремено ја потврдува поддршката за дипломатски и хуманитарни мерки.