Контакт

Забава

Метју Пери во потрага по нова девојка преку интернет

Објавено пред

Омилениот актер од серијалот „Пријатели“, Метју Пери, пред неколку недели ја прекина двегодишната врска со својата девојка Моли Хурвиц, која беше 21 година помлада од него.

dobivaj vesti na viber

Метју набргу тргна во потрага по нова девојка и реши да ја најде преку интернет, поточно преку апликацијата „Реј“.

„Тој повторно бара девојки на интернет и им испраќа пораки“, изјави негов пријател за „Ју-ес викли“.

За време на врската со Моли, актерот го деактивирал профилот на споменатата апликација, но сега повторно се врати и е многу активен.

Метју и Моли ја потврдија врската на почетокот на оваа година, а и пред тоа биле фатени заедно неколкупати. Медиумите тогаш напишаа дека Моли позитивно влијае на Метју затоа што не сака слава и забава и му помага во борбата против зависностите. Сепак, пријателот посочува дека тоа не е точно.

„Таа тврдеше дека не ѝ е важна славата на човекот со кого е во врска, но всушност го сакаше вниманието што го добиваше поради Метју“, рече изворот.

Забава

Ако сте родени во еден од овие три месеци, вие сте меѓу најинтелигентните луѓе

Објавено пред

Кога станува збор за интелигенција, важно е веднаш да се отфрли еден мит – интелигенцијата не е само висок коефициент на интелигенција, можност за брзо решавање математички проблеми или добри резултати на тестови.

dobivaj vesti na viber

Интелигенцијата се јавува во многу форми: емоционална зрелост, креативност, стратешко размислување, социјална снаодливост или оригиналност на идеите. Токму оваа разновидност го прави општеството функционално и богато.

Астрологијата нуди интересна перспектива на оваа тема. Според астролозите, луѓето родени во три специфични месеци честопати се издвојуваат по својата ментална сила, увид и интелектуални таленти.

Ако вашиот месец на раѓање е на листата, честитки! А ако не, нема причина да бидете разочарани: вашата интелигенција може да се изрази на посуптилен, креативен или емоционален начин, што е исто толку вредно.

Јануари
Луѓето родени во јануари честопати зрачат со зрелост и мудрост надвор од нивните години. Тие имаат силно чувство за другите и ретко донесуваат избрзани одлуки. Пред да се впуштат во нов проект, тие ги анализираат можните исходи и го избираат најбезбедниот пат до долгорочен успех.

Луѓето родени во јануари се познати по својата дисциплина, логично размислување и силни лидерски вештини.

Тие се природни стратези, набљудувачи и планери, а нивната критичка свест често им помага да се изградат себеси и да постигнат стабилен успех. Менталната цврстина и самоконтролата се нивните најголеми предности.

Февруари
Февруари е месец на визионери. Луѓето родени во овој месец поседуваат силна комбинација од емоционална интелигенција и креативно размислување.

Нивните умови ретко го следат утабаниот пат – тие размислуваат однапред, поинаку и смело.

Иако понекогаш може да биде предизвик за нив доследно да ги имплементираат сите свои идеи, нивната способност да ја видат пошироката слика и да создаваат нови концепти ги прави исклучително интелигентни.

Луѓето родени во февруари често се пред своето време – преку уметност, филозофија, медиуми или иновативни идеи што општеството ги прифаќа дури подоцна. Тие нè потсетуваат дека интелигенцијата не е само знаење, туку и имагинација, интуиција и подготвеност за експериментирање.

Септември
Септември е месец на аналитичарите и перфекционистите. Луѓето родени во септември се познати по нивното внимание кон деталите, методичната природа и силната потреба за знаење. Тие не учат површно – тие сакаат да ја разберат суштината.

Нивната интелигенција често се рефлектира во академски успех, брзо стекнување нови вештини и одлична меморија.

Тие се сигурни, внимателни и многу свесни за своите зборови и постапки. Кога луѓето родени во септември ќе кажат нешто, јасно е дека добро размислиле за тоа. Токму оваа комбинација од рационалност, дисциплина и интелектуална љубопитност ги издвојува од другите.

Прикажи повеќе...

Забава

Се чини дека сите пијат колаген: Дали има реална корист или е фрлање пари?

Објавено пред

Колагенот се промовира како клуч за поцврста кожа, погуста коса и посилни нокти, но се поставува прашањето: дали навистина делува и дали вреди да се инвестира во него?

dobivaj vesti na viber

Продажбата на додатоци во исхраната со колаген бележи неверојатен раст во последните години. Социјалните мрежи се преплавени со видеа од инфлуенсери, а уште почесто жени инфлуенсери, кои го додаваат во своето утринско кафе, чај или смути секој ден. Но, дали сè е навистина како што изгледа?

Што е колаген?
Колагенот е најзастапениот протеин во човечкото тело. Консултантот за дерматологија, д-р Анџали Махто, објаснува за Дејли Меил дека најлесно е да се замисли како еден вид скеле кое обезбедува структура и цврстина на кожата, мускулите, коските и сврзното ткиво. Едноставно кажано, колагенот помага кожата да изгледа помазно и еластична, а косата здрава и силна.

Говедскиот и морскиот колаген се најчесто достапни на пазарот. Говедскиот се добива од кравја кожа, додека морскоот, кој во моментов е попопуларен, се екстрахира од рибни лушпи и кожа.

Зошто губиме колаген?
Производството на колаген во телото почнува да опаѓа веќе во дваесеттите години. „Овој пад е предизвикан од внатрешно стареење, односно генетика, а дополнително е забрзан од надворешни фактори како што се изложеност на УВ зрачење, пушење и прекумерен внес на шеќер“, објаснува д-р Махто.

Истражувањата покажуваат дека жените во првите пет години од менопаузата можат да изгубат до 30 проценти од колагенот поради пад на нивото на естроген. Последиците се видливи: полабава кожа, губење на еластичноста и поизразени брчки.

Како функционираат додатоците на колаген?
Производителите на додатоци тврдат дека нивните производи можат да го компензираат овој губиток. „Морскиот колаген е исклучително биодостапен, што значи дека лесно се апсорбира и користи од телото“, тврди Ана Лехи, основач на брендот Vida Glow.

„Делува одвнатре кон надвор, на начин на кој локалната нега на кожата едноставно не може“, вели Лехи.

За неа, колагенот е исто така лична приказна. „Во моите рани дваесетти години, доживеав ненадејно опаѓање на косата. Пробав сè – локални третмани, професионални терапии и лекови – но без трајни резултати“, се сеќава таа. „Дури откако го воведов морскиот колаген како дел од поширок, холистички пристап кон убавината, забележав промена. Опаѓањето на косата се забави, кожата стана поцврста, а ноктите посилни.“

Производителите наведуваат дека целосните ефекти се видливи по приближно 12 недели редовно внесување.

Дали навистина вреди?
Мислењата на експертите за ефикасноста на додатоците на колаген остануваат поделени. Постојат студии кои покажуваат позитивни резултати. На пример, во 12-неделно испитување со морски колаген, 96 проценти од учесниците забележале намалување на фините линии и брчките, додека 71 процент пријавиле раст на нова коса. Сепак, треба да се напомене дека поголемиот дел од ваквите истражувања се финансирани од самите производители.

Од друга страна, консултантот за дерматологија д-р Анџела Тевари нуди поизбалансиран став. „Додатоци на колаген се на пазарот повеќе од 30 години без пријавени негативни здравствени ефекти. Постојат добри докази дека дневното внесување на пет грама морски колаген во прав во текот на три месеци може да ја зголеми хидратацијата на кожата, да ја подобри нејзината текстура и да ги намали фините линии“, објаснува тој.

Сепак, предупредува на вообичаената заблуда: „Додатоци со колаген делуваат, но нема да делуваат подеднакво за секого. Индивидуалниот метаболизам може значително да влијае на нивната ефикасност.“

Д-р Махто останува скептична. „Фундаменталниот биолошки проблем е што колагенот е протеин. Кога го внесувате, желудочната киселина го разградува на поединечни аминокиселини, исто како и секој друг протеин. Телото потоа ги користи овие аминокиселини таму каде што се најпотребни – на пример, во мускулите – и не мора да ги „испраќа“ на кожата на лицето само затоа што на пакувањето пишува дека е наменет за кожата.“

Трихологот Клер Фулам, основач на клиниката „Труа Хеар“, им советува на луѓето кои се борат со проретчена коса прво да се фокусираат на здравјето на скалпот и да ја проверат крвната слика за да ги исклучат нутритивните дефицити. „Понекогаш е покорисно за косата да ја разбере состојбата на скалпот отколку да брза со додатоци во исхраната“, вели тој. „Колагенот веројатно нема да ви наштети и може да ја направи вашата кожа да изгледа пополна и посветла, но тоа е прилично скапо хоби.“

Прикажи повеќе...

Забава

Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта

Објавено пред

Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.

dobivaj vesti na viber

Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:

Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.

Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.

Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.

Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет1 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет1 час

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија9 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија14 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија17 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија18 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија19 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија19 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија20 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет20 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија21 час

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија22 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија22 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет22 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет24 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет24 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет1 ден

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...