Контакт

Забава

Деветгодишниот син на Миранда Кер штеди пари за автомобил

Објавено пред

Синот на Миранда Кер не го троши џепарлакот и штеди пари за да купи автомобил кога ќе биде постар.

dobivaj vesti na viber

Австралиската манекенка, поранешен ангел на „Викторија сикрет“, има три деца – деветгодишниот Флин со првиот сопруг Орландо Блум, Харт (23 месеци) и Мајлс (6 месеци) со вториот сопруг, милијардерот Еван Шпигел, основач на „Снепчет“. Таа сака нејзините деца да растат разбирајќи ја вредноста на парите, па така нејзиното најстаро дете мора да извршува разни задолженија дома за да добие награда. Ниедно од децата не добива играчки освен за посебна пригода.

„Флин разбира дека кога станува збор за книги, ние ќе му купиме онолку колку што сака, но играчките се само за специјални пригоди, како, на пример, роденден или Божик. Едноставно, не се случува во кое било друго време“, вели Миранда.

„Тој има список со задачи што треба да направи, но за нешто дополнително, на пример, миење на семејниот автомобил, добива џепарлак“.

„Флин направи штанд за лимонада со другарите и потоа ги заштеди парите од заработката затоа што му реков дека еден ден ќе треба да купи сопствен автомобил“.

„Јас пораснав во едно мало гратче. Моите родители ја купија најевтината куќа и мораа да работат напорно за пристоен живот. Тие ме научија за вредноста на работата и штедењето“, вели Миранда во интервју за австралиското списание „Инстајл“.

Забава

(Фото) Секогаш совршено, но не и овој пат? Ева Лонгорија и „најлошо облечена“ е главна тема

Објавено пред

Популарната џебна Венера, познатата актерка Ева Лонгорија, блесна на црвениот тепих на настанот „Моќта на жените“ во Беверли Хилс. Како и обично, актерката беше олицетворение на смелоста и елеганцијата.

dobivaj vesti na viber

Секое нејзино модно издание привлекува светско внимание и речиси секогаш е „мета“ само за позитивни коментари, но овој пат успеа да предизвика мешани реакции и малку да ја изненади публиката.

Ева се појави во мало црно фустанче преку кое носеше преголемо сако во иста боја. Со оглед на кројот и должината на сакото, фустанот само малку ѕиркаше од под него, но тоа беше доволно за актерката да ги истакне сите нејзини атрибути.

Црните салонки со ремени и ефектен накит имаа задача да го комплетираат ова монохроматско издание во кое Ева уживаше.

Повеќето беа воодушевени од ова издание, но имаше и такви кои мораа да нагласат колку се шокирани од ова појавување. Очигледно, таква грешка не се очекуваше од секогаш совршено стилизираната Ева Лонгорија.

Она што беше досадно беше изборот на сако, за кое беше коментирано дека уште повеќе го нагласува нискиот раст на Ева, правејќи да изгледа како „да ја зела старата јакна на нејзиниот татко од плакарот“ и била „најлошо облечена на овој настан“, објави „Глам“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Сите гледаат во долгите нозе на познатата манекенка: кралицата на модната писта воодушеви со изгледот

Објавено пред

Познатата манекенка Наоми Кемпбел се појави во Лондон на посебна забава за Ноќта на вештерките. Популарната „црна пантерка“ како што е инаку наречена, ги воодушеви сите со својот аутфит.

dobivaj vesti na viber

Не е тајна дека Наоми е сè уште непобедлива, а тоа често го покажува на секој настан на кој се појавува. Овој пат, таа не сакаше да работи на костим за да биде непрепознатлива, но дефинитивно сакаше да биде впечатлива.

Црно-бел моден аутфит во комбинација со штикли од ист дезен и луксузно кратко крзнено палто беше доволно за да доминира во Лондон.

Долгите нозе на познатата манекенка повторно беа во преден план, а за промена, имаше и насмевка.

Многумина често коментираат дека Наоми Кемпбел е ледена кралица, таа ретко се насмевнува на некого и се смета за строга и не толку пријатна личност. Се чини дека сега решила да работи на тој имиџ, па затоа се смееше на фотографиите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Мајката и ќерката измамија воздишки на црвениот тепих

Објавено пред

Познатата манекенка Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер се појавија заедно на галата LACMA Art+Film, престижен настан што се одржува во Лос Анџелес, кој традиционално ги собира сите најголеми светски ѕвезди.

dobivaj vesti na viber

Славните убавици блескаа во креации од модната куќа Гучи, а за нивната убавина може да се зборува со денови без престан.

Синди избра златен фустан покриен со светки и реси во златна боја. Спуштените прерамки ја нагласуваа женственоста, но и деколтето кое беше во преден план. Познатата манекенка сè надополни со црни салонки и препознатлива брановидна коса.

Каја Гербер, исто така, изненади. Мајката и ќерката буквално ги оставија сите без здив, и дури сега сите сфатија колку всушност си личат една на друга.

Каја избра огнено црвен фустан за овој настан што ја следи линијата на телото и има малку подлабоко деколте. Нејзината креација беше исто така целосно покриена со светки, а исто како и нејзината позната мајка, Каја се одлучи за црни салонки и брановидна коса.

Синди Крофорд е дел од златната генерација модели кои одамна го освоија светот, а Каја е очигледно нејзина достојна наследничка, чија убавина повторно ги остави сите без зборови.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион57 минути

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа1 час

Обвинител: Грабежот во Лувр е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет2 часа

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „Томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија9 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија9 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија9 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија10 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија10 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија11 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија11 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија12 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized12 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија13 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија13 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ17 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ18 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Топ19 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...