Регион
Ограничувања на плажите, сончање во друштво на контролори: мерки што ќе важат во Хрватска во текот на сезоната
За седум дена откога Хрватска ги попушти мерките против коронавирусот, сè повеќе странски туристи влегуваат во земјата. Словенија ги укина ограничувањата за влез во Хрватска, која досега договори пристигнување туристи од пет држави. Првите туристи од Кина треба да пристигнат до септември, а пристигнуваат гости и од Унгарија, Австрија, Чешка и од Словачка, пренесува „Новости“.
Бидејќи бројот на новозаразени лица во Хрватска е минимален последниве денови, престојот на туристите би можел да биде целосно ослободен од драстични и посебни мерки иако дел од нив ќе бидат во сила. Така, предвидено е 15 лица да бидат сместени на сто квадратни метри плажа, со одредба дека крпите не смеат да бидат едни до други. Ќе има службени лица на секоја голема плажа, кои ќе го следат однесувањето на туристите и ќе спречуваат да има метеж.
Хигиенските мерки ќе бидат строго спроведени во хотелите, ќе се инсталираат средства за дезинфекција на сите места, а масите во рестораните ќе бидат на многу поголемо растојание отколку порано.
Што се однесува до шведските маси, останува да се види, но, најверојатно, хотелите нема да ги имаат. Ќе има посебни мерки во националните паркови, како „Плитвички Езера“, а билетите ќе треба да се купат однапред за да се знае точно колку посетители може да влезат.
За да привлечат што е можно поголем број туристи во Хрватска, ова лето на автопатите ќе важат зимските, значително пониски цени, а патарината за преминување на мостот до островот Крк ќе биде укината.
Маските се задолжителни за сите вработени во туризмот, од келнери до рецепционери, а во повеќето објекти од повисока категорија, ќе работат специјални уреди за вентилација.
Престојот на рецепција ќе биде скратен колку што е можно, така што гостите во собите ќе ги пополнат потребните обрасци.
Цените се во мирување затоа што се калкулира дека ќе бидат пониски. Само Дубровник реши да направи корекции, така што во многу добри хотели може да се ноќева за помалку од 100 евра.
Конкуренцијата за приватно сместување во подрачјето на Дубровник е толку голема што е можно квалитетни апартмани да чинат 50-ина евра. Исто е и во Ровињ, каде што во јули се нудат апартмани за 50 до 70 евра, хотелите засега не се поевтини, а цената за една ноќ се движи од 150 до 500 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

