Македонија
Од почетокот на епидемијата извршени 1.771 операција на хируршките клиники и ГОБ „8 Септември“

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјата направени се 1.771 операции на хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „8 Септември“ и во старата градска болница, Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство.
На хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ во периодот март-мај направени се 1.091 операција, и тоа најголем дел на Клиниката за трауматологија – 175, на Клиниката за абдоминална хирургија – 216, на Клиниката за торакална хирургија – 89 операции.
Вкупно 203 пациенти биле оперирани на Клиниката за урологија, на Детска хирургија – 90 пациенти, на Клиниката за неврохирургија – 95, на Ортопедија – 120 пациенти и на Клиниката за пластична хирургија – 103 болни. Лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, кои во целиот овој период работат со полн капацитет, аплицирале 970 анестезии и направиле над 1.000 прегледи во нивната амбуланта.
„Сите интервенции се извршени по протокол за работа со суспектни пациенти, земени им се брисови пред и по операцијата и користена е комплетна заштита како за пациентот така и за медицинскит тим: операторот, анестезиологот и другиот вклучен персонал“, се наведува во соопштението.
Во Градската општа Болница „8 Септември“ во Скопје направени се вкупно 310 операции на суспектни и позитивни пациенти на Ковид-19.
Во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје во периодот март-мај направени се вкупно 370 интервенции.
„Сите пациенти што имале потреба од операција и интервенција во изминатиот периодд биле соодветно згрижени и третирани во согласност со протоколите за работа“, велат од Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите. За работниците и граѓаните, повторно нема ништо. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај 2025 изнесува 3,3%, што е скок во споредба со април, кога беше 2,6%. Дополнително, месечната инфлација од 1,5% е највисока оваа година, велат од СДСМ.
„Ова значи едно, животот е сѐ поскап, а власта нема ниту план, ниту капацитет да го заштити стандардот на граѓаните. Но, секако, има добар план да си ги покачува сопствените плати.
СДСМ повеќепати предупредуваше: цените растат и ќе продолжат да растат ако не се преземат мерките кои ги понудивме. Мицкоски се обидува да ги убеди граѓаните дека платите им растеле, но факт е дека единствено растат платите на неговите во Владата и институциите, додека народот едвај преживува“.
Оваа влада, додаваат од опозициската партија, нема економска визија, нема стратегија и нема емпатија. Оваа влада, според СДСМ, има само лични интереси и работи само за себе, и за никој друг.
СДСМ бара итна интервенција, конкретни мерки за заштита на стандардот, а не како што велат, лажни ветувања и манипулации.
„Граѓаните не може повеќе да бидат жртви на неспособноста и ароганцијата на оваа власт“.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ( Вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· во период од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. 20 во С.Бразда ( општина Чучер Сандево )
· во период од 09.00 до 12.00 часот,корисниците од ул 10 и дел од ул.134. ( општина Сопиште )
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Иван Цанкар. ( општина Карпош)
· од 11.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул.101 во село Волково( општина Ѓорче Петров )
· и од 12.00 до 15.00 часот, корисниците околу ресторан Теферич и дел од ул.Мариовска( општина Кисела Вода )
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.