Македонија
Филипче: По 50 години, изграден посебен влез за итната медицинска помош во Клиничкиот центар
Министерот за здравство, Венко Филипче, и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, направија обилколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот, каде што е извршена реконструкција на јавните површини со цел непречено укажување здравствени услуги, пренесување и транспорт на заболени пациенти од Ковид- 19 и функционирање на другите клиники во услови на зголемен обем на работа за време на вонредната состојба.
„По повеќе од 50 години, имаме посебен влез за возилата на итната медицинска помош до Ургентниот центар на Хирургија, нов паркинг до зградата на Клиниката за гинекологија и акушерство, на местото каде што беше старата гинеколошка клиника, и нови улички што ги спојуваат веќе постојните улици, со што очекуваме да се намали метежот во клиничкиот кампус, но и на улицата стара Водњанска, што мислам дека е една значајна придобивка. Дополнително на сето ова, овозможуваме многу полесно движење на пациентите низ клиничкиот кампус, полесно движење на интерклиничкото возило и посебни патеки за движење на пациентите со колички, било да се тоа седечки или лежечки пациенти“, истакна министерот.
Филипче информира дека во следната фаза ќе се работи на уште неколку влезови и излези, како и уште еден паркинг кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби околу мобилната болница, со што целосно ќе се смени сликата и ќе се олесни функционирањето на Клиничкиот центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.